Фолкерот се заколна на ВЕЧНА ЉУБОВ пред Господ, а свештеникот ги шокираше сите со коментарот
Најсмешниот, но и нејемотивниот момент од венчавката
Познатиот српски фолк-пејач Дарко Лазиќ и неговата убава сопруга Катарина го кажаа судбоносното „да“ и се венчаа пред Господ, а потоа следуваше голема и луда прослава за која зборува целиот регион.
Среќни и насмеани младенците пристигнаа во црквата каде свештеникот со една шега ги насмеа сите што беа присутни.
„Да не и беше ветен на некоја друга бидејќи ги имаше тие мустаќи“, го праша свештеникот во шега познатиот пејач.
Фото: Инстаграм
„Не сум“, му одговори тој.
„Не смееш да ме засрамиш“, додаде свештеникот.
„Нема повеќе разводи“, му кажа Дарко на свештеникот кој го венчаше со неговата нова животна сопатничка.
Фото: Инстаграм
Младенците ги испочитуваа сите обичаи, а гостите цело време го следеа секој нивен чекор воодушевени од убавината на невестата.
Фото: Инстаграм
Таа на себе имаше раскошна венчаница со длабоко деколте и интересен детаљ на главата, додека во рацете го држеше бидермаерот.
Фото: Инстаграм
Катарина потоа во текот на вечерта раскошната венчаница ја замени со фустан со циркони, светки и впечатливо деколте, а гостите беа изненадени и од огромната торта и огнометот.
Таа едноставно блескаше додека заедно со пејачот и неговата ќерка од првиот брак со Ана Севиќ ја сечеше тортата на седум катови.
Фото: Инстаграм
Гостите веднаш ги извадија телефоните да го забележат овој емотивен момент, а Лорена не можеше да ја сокрие својата среќа.
Како што пренесуваат медиумите, парот само за декорација на ресторанот потрошиле повеќе од 50.000 евра, а гостите наводно јаделе од златни чинии со златен есцајг, додека преубавите лебеди кои ја красеа масата на младенците пристигнале директно од Холандија.
Фото: Инстаграм
Дарко и Катарина најпрво танцуваа на песната од Петар Грашо „Јел ти реко ко“, а потоа продолжија со песната „Ако те питају“.
Фото: Инстаграм
Токму во тој момент им се придружи и неговата ќерка од бракот со Ана,малата Лорена, а глетката ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм
Катарина танцуваше со Лорена и цело време ја држеше за раката, а таа беше пресреќна и не ја тргаше насмевката од лицето.