Реклама
Наши ѕвезди

Прв заеднички настап на Анета и Џими по веста дека се разведуваат? Џими се пофали, а Анета блеска (фото)

Еве и што ќе се случува со бендот „Молика“ по разводот

Реклама

Познатата пејачка објави видео од еден свој настап

Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска објави видео од настап во еден ресторан со кој ги изненади сите.

Пред само неколку недели како бомба одекна веста дека Анета се разведува од својот сопруг Џими, но очигледно дека пејачката проблемите ги оставила зад себе и со нови сили им се враќа на своите работни победи, а публиката е посебно воодушевена од тоа.

Маркетинг

Имено, таа пееше заедно со гостите на својот настап, а во црниот фустан што го носеше изгледаше поубаво од кога било досега.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Но и покрај тоа што на публиката им приреди незаборавна вечер, нејзините фанови се загрижени и за сето она што се случува надвор од сцената и се прашуваат дали го пребродила тешкиот период низ кој што поминува. Сепак, според нејзините објави на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека нашата позната фолк-пејачка веќе не е толку ранлива и дека полека и се враќа нејзината препознатлива насмевка, посебно кога настапува пред својата публика.

Фото: Инстаграм

Впрочем токму и заради публиката пејачката е посилна од кога било досега, а и како што самата изјави за Гламур магазин, и Молика ќе продолжи со договорените настапи.

Фото: Инстаграм

Како што објавија и останатите медиуми, Анета која сега настапува и сама под моминското презиме Љумаковска, ќе продолжи да настапува и со бендот „Молика“ на сите веќе договорени свадби и семејни прослави, а ќе биде дел од бендот и на нивната австралиска турнеја .

Фото: Фејсбук, Џими Мицевски

Инаку, на социјалните мрежи деновиве се огласи и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Џими Мицевски.

Тој објави неколку фотографии од своето патување со мотор покрај Јадранот, а го најави и нивниот заеднички настап за 27 август.

„Почитувани ФБ пријатели ве известуваме дека на 27 август 2023 настапуваме во село Трново во црквата Пресвета Богородица“, напиша Мицевски во описот на видеото што го објави, а посебно интересно е што на сликата е неговата поранешна сопруга.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button