Еве како Сара Мејс ужива со сопругот и децата – НЕЗАБОРАВНА АВАНТУРА покрај велешкото езеро
Популарното македонско семејство отиде на нова незаборавна авантура и етоа тоа го проследи на социјалните мрежи.
Во убавините на нашата земја секогаш може да се ужива заедно со семејството и да се помине одлично.
Пејачката Сара Мејс, заедно со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивните две деца отидоа на кампување во Велес, покрај езерото Младост.
Летото е при крај, но температурите се одлични и вреди да се искористат за уживање во природа и покрај вода.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Сара и Димитар се големи авантуристи и обожаваат да спортуваат во природа, но и на своите деца ја пренесуваат нивната љубов.
Каде и да одат на планинарење, Илина и Кирил одат со нив.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Овој пат тие се одлучија за едно поинакво, но и незаборавно искуство за децата – кампување.
Целата авантура ја пренесоа на Инстаграм преку фотографии и видеа и потврдија дека фантастично си поминале.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
„Што е животот без авантура?
Велешко езеро, кајак, шатор, 2 деца и 4 возрасни. Си поминавме преубаво во неделата, друштвото погодено, Езеро Младост освоено!
Децата пресреќни (непревртени од кајак), а и возрасните исто така.
До душа децата ги подизедоа некои чудни инсекти, Илина изгреба и колена, ама ништо страшно кога одиш спремен во нови авантури“, напиша Сара.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс