Бремена тинејџерка сакала да го наполни телефонот по БАЊАЊЕ, ја фати струја, загина на лице место
Бремена тинејџерка (17) загина заедно со своето неродено дете откако се обидела да го наполни телефонот
Тинејџерка во деветтиот месец од бременоста и нејзиното нероден дете загинаа од струен удар откако мајката се обидела да го наполни својот телефон по бањање.
Џенифер Каролајн (17) почина во трагичен инцидент во Бразил, во раните утрински часови во четвртокот, на 17 август.
И нејзиното неродено дете не го преживеа инцидентот.
Откако сопругот на жртвата се јавил во Брза помош, тие веднаш реагирале, но кога дошле тинејџерката веќе не давала знаци за живот.
Сопругот на жената кој во тој момент бил дома бил сведок на страшната сцена – тој изјавил дека неговата жена веднаш откако излегла од купатилото се обидела да го наполни мобилниот телефон.
Користела продолжен кабел за напојување на мобилниот, но во страшна несреќа настрадала од струен удар.
Мажот споменал дека слушнал силна бучава и врисок на својата жена. Потоа тој отрчал кон неа, но ја затекнал без свест на земјата.
Како што изјави тој во полицијата, се обидел да и помогне на Џенифер, но и него го удрила струjа.
Свекрвата на жртвата изјавила дека таа во моментот на несреќата била бремена во деветтиот месец и дека бебето не преживеало.
Шефот на полициската станица изјавил дека случајот моментално се води како несреќен случај.
Но тој исто така истакна дека стандардната процедура е по ваков инцидент да се покрене истражна постапка.