Се породи убавата русокоса новинарка по која лудуваше “Романтичарот”- го остави поради друг а сега го покажа и бебето (ФОТО)
Дилета стана мајка...
За најпознатата спортска новинарка Италијанката Дилета Леота, македонската јавност дозна кога најпосакуваниот турски актер Џан Јаман објави дека се во љубовна врска.
фото инстаграм/Дилета Леота
Но нивната љубовна приказна иако се чинеше дека ќе трае долго, сепак Дилета по четири месеци одлучила да стави крај на љубовната приказна со Јаман, а како главна причина се наведува неговата голема љубомора, пишуваа тогаш тамошните медиуми.
фото инстаграм/Дилета Леота
Исто така медиумите пишуваа дека згодиот Џан Јаман не можел да се носи со убавината на неговата девојка. Бил љубоморен на сите погледи кон Дилета.
фото инстаграм/Дилета Леота
Овие работи на убавата новинарка многу и пречеле, па поради тоа одлучила да раскине со убавиот актер.
фото инстаграм/Дилета Леота
По извесно време таа започна љубовна врска со германскиот голман Лорис Кариус а сега тие објавија и убави вести.
фото инстаграм/Дилета Леота
Имено Дилета пред неколку дена стана мајка.
фото инстаграм/Дилета Леота
Таа на својот профил на Инстаграм ги покажа првите фотографии, а откри дека родила девојче. Она што е особено интересно е што се породила на денот на својот роденден.
фото инстаграм/Дилета Леота
Ќе се согласите дека животот не можел да и подари поубав подарок?
фото инстаграм/Дилета Леота
Нејзиниот партнер, германскиот голман Лорис Кариус и го направи денот уште поубав и ја изненади со торта.
„Денес се преродив преку тебе“. Добредојде, Арија. Ти си најдобриот подарок што би можеле да го побараме“, напиша новопечената мајка.
фото инстаграм/Дилета Леота
За потсетување, Дилета откри дека е бремена на крајот на март.
фото инстаграм/Дилета Леота
„Мораме да кажеме нешто… Но, дали сите веќе го знаевте тоа? Наскоро ќе бидеме тројца“, напиша тогаш и сподели видео во кое таа и нејзиното момче се гушкаат и плачат од среќа.