Видов како плаче, мислев плаче заради прераната смрт на неговиот татко – тажна порака за починатиот Илми
Три месеци по смртта на Ферус Мустафов, почина и неговиот син Илми Мустафов
Шок за сите…
Откако прес само неколку месеци почина легендарниот Ферус Мустафов, по кратко боледување почина и неговиот син Илми Мустафов.
Веста за неговата смрт ги шокираше сите, посебно неговите колеги кои со емотивни зборови се простуваат од него.
Една од нив е и пејачката Сузана Гавазова која на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со него, а под која напиша:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Иљми Мустафов, синот на нашата легенда и крал на саксофонот Ферус Мустафов почина синоќа, си замина толку брзо, току ненадејно и зад себе остави опустошени срца, болка и тага.“
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
„Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со ‘Огнените момчиња’ и Илми“.
„Беше се нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи, само во еден момент видов како Илми плаче, но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко. Но и ти Илми си замина прерано. Ќе ни недостигаш многу“.
Фото: Фејсбук/ Горан Амадеус Стојановиќ
„Почивај во мир пријателе“ напиша Гавазова со фотографија на која е со познатиот музичар.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Инаку, Илми беше син на Ферус и член на групата „Огнени момчиња“ и во својата кариера има снимано многу ора и чочеци.
Фото: Инстаграм/ Ферчо Мустафов
Тој беше еден од нашите најдобри саксофонисти и кларинетисти, а почина на неполни три месеци по смртта на неговиот татко.
Според последните информации, неговиот погреб ќе се одржи утре, на 17 август, најверојатно на гробиштата Камник.
.