Татјана се снимаше без шминка и без филтри – жена без комплекси, изгледа прекрасно во секое издание
Пејачката ги воодушеви фановите со својот изглед
Таа позираше со очила за сонце, но без грам шминка на лицето
Познатата фолк-пејачка Татјана Лазаревска задно со сопругот Новица и нивните две деца се вратија во Македонија.
Тие пред неколку години заминаа да живеат во Австралија, а пред неколку недели се вратија во својот роден крај.
Но покрај тоа што ја посетија нашата земја Татјана и Новица решија да скокнат и до Црна Гора и да поуживаат неколку дена.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Пејачката од таму објави неколку снимки, а сега покажа и како изгледа без филтри и ниту трошка шминка на своето лице.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Татјана нема проблем да направи селфи во вакво издание и да покаже како ужива кога е природна, без пудра и останати „препарати“ за разубавување.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Таа позираше со очила за сонце, додека нејзината коса беше врзана во пунџа и ги изненади сите со својот младешки изглед.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Татјана и само еден ден претходно покажа дека е жена без комплекси и се снимаше во природно издание, во тексас шорц, но и во костим за капење и со овие фотографии ги воодушеви своите фанови.
Како познатата фолк-пејачка изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение: