Реклама
Вирално

ДЕНЕСКА ЗАПОЧНАА БОГОРОДИЧНИТЕ ПОСТИ: Кога и што се јаде?- ова се обичаите за најкраткиот но најстрогиот пост!

За многу години...

Реклама

Денеска започнаа богородичните пости, на празникот на Светите маченици од Макавеј.

фото илустрација

Овој пост е по повод големиот празник кој не очекува на 28 август, кога православните верници го слават Успение на Пресвета Богородица, односно Голема Богородица.

Маркетинг

фото илустрација

Овој пост е најкраткиот од четирите големи пости, трае 15 дена, од 14 до 28 август, но е построг од Божиќните и Апостолските пости.

Маркетинг

фото илустрација

Се пости на вода, освен во недела кога е дозволено масло и вино.

фото илустрација

Исто така, за време на овој пост се празнува и празникот Преображение Господово, кој е на 19 август кога е дозволено да се јаде и риба.

фото илустрација

 

Кога зборуваме за постот, обично зборуваме за храна, но постот во христијанството не значи само откажување од мрсна храна и пијалоци, туку првенствено има духовна димензија и се рефлектира во воздржување од лоши мисли, зборови и дела и засилување на молитвите и правејќи добри дела.

фото илустрација

Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

фото илустрација

Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.

.

фото илустрација

Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.

фото илустрација

Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button