Младата Гранд ѕвезда „скокна во тавче“ – невестата во необично фустанче му игра на младоженецот
Убавата невеста блескаше, пејачот никогаш не бил посреќен
Финалистот од последната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Џенан Ракиќ, се заколна на вечна љубов.
Џенан и неговата избраничка Емини венчавката ја направија во Бихаќ, родното место на младиот босански пејач.
Тие го изговорија судбоносното „Да“ во кругот на најблиските, по што следуваше луда журка во бар покрај реката Уна.
Фото: Инстаграм
Невестата на овој посебен ден блескаше во долга бела венчаница со која совршено ја истакна својата витка линија, додека младоженецот беше облечен во својот веќе препознатлив стил.
Фото: Инстаграм
Емини потоа се пресоблече во бел фустан, но во покуса варијанта, и го носеше во комбинација со црни патики.
Фото: Инстаграм
Џенан за овој посебен ден избра костум во бордо боја, со бела кошула и елек во истата боја со сакото и панталоните.
Фото: Инстаграм
Највесел момент беше кога Џенан клекна на колена, а убавата невеста играше занесно покрај него и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм
Инаку, Џенан во популарното шоу беше заедно во тимот со победничката од Македонија Славица Ангелова.
Фото: Инстаграм
Нивен ментор беше Ѓорѓе Давид, а по победата во шоуто на пејачката од Македонија, тие имаа заеднички настап во Бихаќ.
Фото: Инстаграм
Покрај Ѓорѓе, Славица и Џенан, со нив беше и Александар Јосифовски, како и познатата пејачка Ивана Петерс.