Реклама
Вирално

Некрологот на убиената жена објавен на Фејсбук со трогателна порака: Тука жените се убиваат затоа што бараат заштита

Назима се криела кај својата тетка, од каде беше насилно однесена и свирепо убиена

Реклама

Нермин Сулејмановиќ, тројниот убиец од Градачац, пред да биде уапсен од страна на полицијата изврши самоубиство.

Убиецот кој ја зави цела Босна во црно најпрво ја уби својата сопруга Низама Хеќимовиќ, а потоа и Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис, татко и син, турски државјани. Покрај жртвите, Сулејмановиќ го рани и полицаецот Хисеин Коториќ, потоа граѓанинот Недим Памуковиќ и една жена, односно мајката и сопругата на убиените Ондер и Денис.

По свирепото злосторство што го пренесе регионот се огласи „Женска мрежа БиХ“, неформална група на социјалните мрежи.

Маркетинг

Принтскрин/ Социјални мрежи

Тие на Фејсбук го објавија некрологот од убиената поранешна сопруга на Сулејмановиќ со следниве зборови:

Маркетинг

„Го пријави за насилство – па ја уби. Тука жените се убиваат затоа што пружаат отпор. Тука жените се убиваат затоа што бараат заштита“.

„Спонтано, денес излегуваме на улица во 15.00“, пишува во објавата.

Во објавата исто така пишува дека од институциите бараат да се заштитат сите жени што пријавуваат насилство и по службена должност да се испитаат сите можни индиции дека некаде се случува насилство.
Жртвата се криела кај својата тетка.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Потсетуваме, Сулејмановиќ својот крвав пир го започна со убиство на сопругата кое го пренесуваше во живо на Инстаграм.

Несреќната жена се криела кај својата тетка

Сулејмановиќ крвавиот пир го започна во градот, а потоа дошол во куќата од која ја киднапирал Низама и го ранил нејзиниот роднина.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Сулејмановиќ потоа ја однел сопругата во викендичката во која брутално ја претепа, па ја уби, пренесувајќи во живо на Инстаграм.

Убиецот и жртвата не биле во брак, но имале дете.

Двајцата мажи кои исто така се убиени, биле во однос со Сулејмановиќ преку нивната ќерка, односно сестра.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Пред само неколку дена бил пријавен за насилство

Како што пренесува порталот „Истрага.ба“, полицијата предложила да се изречат заштитни мерки, но судот го одбил предлогот.

Како што пишува во барањето, овие мерки биле барани од судот откако жената пријавила дека на 3. август околу 19.30 часот била нападната и претепана од Сулејмановиќ, по што се здобила со повреди по лицето и на други делови од телото.

Следниот ден жената поднела пријава против него, па се иселила од дома, заедно со нивното бебе. Потоа Сулејмановиќ продолжил да ѝ се заканува, ѝ се јавувал и барал од неа да се врати дома.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Три дена подоцна, односно на 7 август, Низама Хеќимовиќ не сакала да даде изјава во полиција од страв од реакцијата на Сулејмановиќ, изјавувајќи дека со тоа само ќе се влоши ситуацијата, но поддржала да бидат изречени заштитни мерки.

Но за жал, таа никогаш не доби заштита, а вчера нејзиниот сопруг свирепо ја уби, убивајќи уше две други лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button