Реклама
Вирално

На пациентка од стомакот и извадија тумор тежок 20 килограми – и докторите во шок по операцијата

Предупредуваме дека фотографиите за некои читатели би можеле да бидат вознемирувачки

Реклама

Поранешниот министер за здравство на Хрватска, Дарко Милиновиќ, во Општата болница во Госпиќ минатиот вторник од една пациентка извадил тумор тежок дури 20 килограми.

Операцијата била ризична, а пациентката се чувствува добро, пишуваат хрватските медиуми.

Милиновиќ по професија е гинеколог, а на оваа кариера и се врати откако беше на неколку различни политички функции.

Маркетинг

Фотографии од операцијата беа објавени на социјалните мрежи и веднаш станаа вирални во регионот и покрај предупредувањето дека за некои читатели би можеле да бидат вознемирувачки.

Маркетинг
Еве како изгледал стомакот пред операцијата (Фото: Фејсбук)

Како што изјави Милиновиќ за хрватските медиуми, досега со ваков случај се нема сретнато.

Стомакот на пациентката по операцијата (Фото: Фејсбук)

Тој оперирал сличен тумор, но кој бил двојно помал. Што се однесува до пациентката, според него, прогнозите се добри, нема зголемени лимфни јазли и останатите органи се уредни.

Пациентката по операцијата со медицинскиот персонал (фото: Фејсбук)

„Туморот се наоѓаше во стомачната празнина и тежеше 20 килограми. Го открив така што почна да ми расте стомакот и изгледав како трудница. Сé се случи пред нешто помалку од три месеци“.

Фото: Фејсбук

„Најпрво бев на ултразвук, на кој се виде голема циста. Потоа бев на дополнителни прегледи и беше откриено дека проблемот е од гинеколошка страна. Потоа докторот Милиновиќ ме прими и ми кажа дека туморот мора веднаш да се извади“

„Операцијата беше направена стручно и за брзо време. Имав голема потпора од гинеколошкиот оддел Госпиќ на чело со докторот Милиновиќ“, изјави пациентката за хрватскиот портал „Индекс.хр“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button