Не ја одбегнувајте баба Ѓурѓа, има навистина тажна судбина: Манекенката Билјана со апел до сите- Купете цвеќе за да ги прехрани нејзините внучиња!
Билјана ја покажа хуманата страна...
Пред извесен период на социјалните мрежи излезе приказната за баба Ѓурѓа која има 92 години а продава цвеќиња за да може да ги прехрани своите внучиња.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
Деновиве за цела несреќа, баба Ѓурѓа доживеала несреќа, местејќи ги цвеќињата.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
Денеска познатата манекенка Билјана Јаневска објави фотографии со кои ја крена повторно јавноста на нозе.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
При посетата на баба Ѓурѓа забележала дека има повреда на раката па тоа ја заинтригирало да дознае како се случила повредата.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
Со своето хумано срце Билјана апелираше до сите да не ја одбегнуваат оваа женичка и да направат добро дело, да купат цвеќе од неа за да може таа да ги прехрани своите вничиња.
Нејзиниот статус го пренесуваме во целост:
фото фејсбук/Билјана Јаневска
-Драги мои ова е фамозната баба Ѓурѓа која што изминатиов период беше постирана на повеќето портали. Баба Ѓурѓа има 92 и веќе влегува во 93та година. Таа секој ден од попладневните часови па се до вечер продава цвеќиња кај Тinex до Рибен Ресторан Сидро 2 во Карпош за да ги нахрани внучињата.
Ме заголицна тоа што го прави бабево па решив денес после работа да појдам и да ја побарам, за да ја прашам како е и што и треба.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
Бабево видно изненадено си раскажа и зошто има гипс на раката.
Ми падна жал, душичка. Паднала додека ги местела цвеќињата.
Па затоа јас ја израдував и реков да нé чека утре и ќе и донесеме се што е потребно и во наша моќ.
Не ја одбегнувајте баба Ѓурѓа, има навистина тажна судбина. И погледнав во очите и носи голема болка.
Полна со љубов, се гледаме утре бабе.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
-Сакам да допреме до сите Вас, да ја поттикнам хуманоста кај секого од Вас затоа што знам колку можеме и колку сме хумани и тоа сум го кажала мал милион пати до сега.
Затоа Ве повикувам сите, не само Карпошани, сите Вас кои што читате, сите општини и сите сограѓани да и помогнеме на баба Ѓурѓа.
фото фејсбук/Билјана Јаневска
Бидете и Вие нечија светлина на крајот од тунелот, заврши Билјана.