Нашата позната пејачка ужива со семејството на едно од најромантичните и најубавите места на светот
Јаневска откри како си поминува деновиве
Пејачката ужива во својот годишен одмор
Нашата позната пејачка и виолинистка Андријана Јаневска ова лето ужива со семејството во преубавото италијанско крајбрежје.
Пејачката од таму редовно се огласува, а преку нејзините објави можеме да видиме како го минува времето.
Јаневска најпрво покажа како се забавува во еден ресторан инспириран од стилот на 50-тите години во Америка.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Таа потоа објави и неколку преубави фотографии од прошетката низ градот, но и како ужива со синовите на плажа.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
„Убавица, на убаво место“, „Згодна мама“, „Преубави фотографии“, „Најубава“, беа само некои од коментарите што ги доби под објавата.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Пејачката и само еден ден претходно објави фотографија со која ги воодушеви своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Облечена во „мал“ црн фустан Андријана едноставно блескаше додека позираше загледано во морската шир.
Пејачката ова издание го заокружи со црни адидас патики и коса ноншалантно врзана во висока пунџа.
„Магична вечер во Леричи, Италија“, напиша познатата поп-пејачка во коментарот на фотографијата под која предизвика лавина од реакции и ги воодушеви сите со својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Неколку прекрасни фотографии на Андријана од ова незаборавно патување погледнете во продолжение…