„Ми недостигаш Есмице“: Синот на кралицата на ромската музика објави фотографија што никој ја нема видено
Синот на кралицата на ромската музика е огласи по повод нејзиниот роденден.
Симеон сподели фотографија на која е заедно со неговата мајка и напиша емотивна порака.
Голем хуманитарец, жена со магичен глас, Есма Реџепова Теодосиевска остави огромен белег на македонската музичка сцена.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Иако поминаа години од нејзиното заминување од овој свет, сепак сѐ уште не се исполнети нејзините барања напишани во тестсментот, нејзината куќа пропаѓа, а и нејзиното вечно почивалиште не е достојно за најголемата ѕвезда во земјава.
Доколку беше жива, на 8-ми август ќе го пролавешe својот 80-ти роденден.
Она по што беше исто така препознатлива е што имаше посвоено 48 деца. 47 од нив се синови, а само една е ќерка.
До крајот на својот живот таа доби повеќе од сто внуци и правнуци.
ФОТО: Фејсбук / Симеон Атанасов
По повод нејзиниот роденен се огласи и имеон Атанасов, еден од нејзините синови, кој до ден денес се труди да го продолжи нејзиниот пат, но и да го спаси она што таа го поседуваше.
Симеон сподели нивна заедничка фотографија, а во опис напиша:
„Верувам дека денес ќе бевме во твоето омилено Пефкохори, и ќе уживавме во нешто за циркулација, прославувајќи го твојот роденден.
Ми недостигаш Есмице“.