Конечно и Каролина во костим за капење на плажа – неверојатно изгледа, нема ни грам вишок
Пејачката во костим за капење што е хит ова лето
Изгледа сјајно во костим за капење
Не е никаква тајна дека Каролина Гочева е дама која се негува и зрачи со убавина во какво издание и да се појави.
Но овој пат таа покрај неколку опуштени летни комбинации покажа и каков костим за капење „фура“ на плажа.
Имено, познатата пејачка објави видео направено од повеќе фотографии од нејзиниот одмор со најблиските во Хрватска.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Заедно со неа се и нејзината сестра со децата, како и нивната мајка, а пејачката сега покажа како уживаат во ова патување.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Сепак најмногу внимание привлекоа фотографиите на кои можеме да видиме како Каролина ова лето изгледа во костим за капење.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Таа овој пат избра едноделен модел во најпопуларната боја за ова лето, која воедно им е омилена и на барбиките.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Нејзините фанови беа воодушевени од оваа глетка, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
„Најубавото женско друштво“, „Најубави сте“, „Голем поздрав до најдобрата пејачка каролина и најдобрата докторка Александра“, беа само некои од коментарите што пејачката ги доби под објавата.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Инаку, што се однесува до костимот за капење, во прашање е тренди модел што ќе и стои убаво на секоја дама.
Бидејќи станува збор за едноделен модел со него лесно ќе го сокриете вишокот, но воедно и ќе ја истакнете женственоста.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Како Каролина изгледаше во уште едно свое издание со кое ги воодушеви сите на социјалните мрежи, погледнете во продолжение: