И младите девојки посакуваат ваква линија: Татјaна Лазаревска изгледа топ во дводелни бикини
Популарната македонска пејачка покажа дека е во топ форма и во петтата деценија од животот.
Тања сподели фотографии од нејзиниот одмор во Грција, каде ужива заедно со семејството.
Татјана Лазаревска долги години е дел од музичката сцена на Македонија, а на нејзините настапи сите се на нозе.
Пејачката буквално зрачи со позитивна енергија и се гледа дека навистина ужива во тоа што го работи.
Секогаш е расположена да пее за својот народ и без оглед за каква манифестација станува збор, Татјана максимално професионално ја одработува својата работа.
Публиката секогаш одлично се забавува.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
Зад себе има многу хитови без кои не може да се замисли ниту една прослава.
Заедно со опругот, пејачот Новица Василевски и синовите Петар и Стефан се преселија во Австраија.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
Скоро нема викенд без да имаат настап таму и подеднакво се ангажирани како и ове.
Деновиве семејството Василевски се вратија во родната Македонија.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
И додека се на одмор не мируваат и пејат за своите сонародници.
Сепак одлучија да си дадат оддишка и заминаа на одмор во Грција.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
Оттаму пејачката сподели многу семејни фотографии, но една најмногу привлече внимание.
На неа Тања позира во дводелен костим за капење.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
И покрај тоа што ја гази петтата деценија од животот, таа изгледа како девојка.
Пејачката и понатаму е во топ форма и има со што да се пофали.