Реклама
Новости

Ме удри такси на пешачки премин- Душан е со оштетен вид, моли за нормално движење во Кочани

Невнимание беше на шоферот, од многу страни ме удри со возило на пашечки премин, вели тој.

Реклама

Душан Граовац е 43-годишен маж кој  веќе 13 годни живее со оштетен вид.

Во интервју за „Види Вака“ посочува за бројните недостатоци, со кој тој и другите лица со посебни потреби, мораат секојдневно да се соочуваат во Кочани.

Маркетинг

Граовац неодамна бил удрен од возило на пешачки премин, додека поминувал со белиот стап и возачот не застанал да му укаже помош туку побегнал.

Маркетинг

 

Секојпат настојувам да бидам на пешачки премин за да не доаѓа до несакани псоледици и за мене и , нормално, за тие кои се ученсици во сообраќајот.  Невнимание беше на шоферот, од многу страни ме удри со возило на пашечки премин, вели тој.

Ние не бараме сожалување, некоја милостивост, дека треба не знам што да се прави, него чисто една поголема почит спрема нас да има.

И ние не сакаме да сме такви какви што сме, меѓутоа мораме да се носимесо тоа. Сите сакаме да сме здрави и прави, никому ништо да не ни фали. Но за жал мора да не има и ќе не има, објансува Душан.

Душан видот го загубил на 30-годишна возраст како последица на дијабетес.

Во Кочани нема тактилни патеки, звучни семафори, пристапни рампи и се паркира насекаде.Најголем предизвик за овој човек е движењето по улица во својот град.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button