Интервју

„Понекогаш мислам дека со игла и конец можам да сплетам цел свет“ – искрено со Елена Соколовска

Интервју со Елена Соколовска, жената што стои зад брендот „DragonElle“

Реклама
Реклама

„Уште еден змеј слета на плажа“ вака една млада скопјанка, ракотворец, ќе го потпише својот најнов прозивод убава плетена чанта за на плажа и ќе го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Приватна архива

Зад новиот бренд  кој се појави од неодмана на нашиот пазар, а наречен „DragonElle’ се потпишува Елена Соколовска.

Оваа девојка е уметник во секоја смисла на зборот и покрај тоа што тоа е само нејзино хоби, ќе се воодушевите од нејзините рачни изработки.

Маркетинг

Приватна архива

Колку и невообичаено да звучи оваа реченица во денешно време , посебно помеѓу младите, но: Во слободно време Елена плете.

Маркетинг

– Почнав да плетам со многу голема љубов и желба. Се радувам што на луѓето тоа им се допаѓа и со задоволство ги носат моите парчиња. Ја ценат мојата креативност и ја чувствуваат мојата посветеност, се трудам да им ја остварам замислата и тогаш со голем мерак на крај оди и мојот потпис. Во секоја креација оставам дел од себе, од желбата и благословот – со здравје и само за убаво да се носи. Сакам да верувам дека таа љубов влијае и на убавината на некое парче, вели Соколовска за Гламур.мк.

Приватна архива

Еве како започнува нејзината приказна со оваа древна технка која ја корсителе нашите баби.

Направив неколку шалчиња за планинарите.

— Официјално, мојата приказна започна од пред неполна година, кога посакав слободното време да го исполнам со нешто корисно и креативно. Неофицијално, мислам дека плетам и правам нешто креативно, рачно, свое откако знам за себе. Беше сѐ уште ладно времето и сакав да правам нешто корисно за тој период. Така почнав да создавам шалчиња. Најпрвин за најблиските, па за пријатели, па за пријатели на пријателите и така. Мислев дека шалчињата се вистински избор. Потоа, на покана на претседателот  на планинарското друштво „I love hiking group Macedonia“ каде што сум активен член, направив неколку парчиња за планинарите. Тоа беше супер предизвик, затоа што секој имаше некоја желба за големина, боја, модел и слично, приказната продолжува…

Приватна архива

Кој ве научи да плетете?

– Мојата баба со која живеев и растев, но и другата која беше многу вешта со иглите. Кога бевме помали, баба ми за мене и за сестра ми плетеше џемперчиња, елечиња, плетеше шустикли (милиња) и чаршави за на маса. Од страна ми изгледаше многу интересно, како од конец и волница , со една или две игли може да се направат такви нешта. Секое парче имаше различен дезен, шара, големина, форми (цвет, мрежа), различна приказна и намена (елегантно, практично). Чаршав за на маса или покривка за спиење, чергиче за пред врата ( чергиче ) или торба за пазарење од пластични кеси од коноп што го користат по градините. Буквално сѐ. Мене тоа ми беше неверојатно.

Приватна архива

Бев многу љубопитна, седев до баба ми и така учев. Потоа долго време ми требаше да сфатам како да протнам конец, како да направам цвет, мрежа, што да скокнам, каде да затегнам, каде да терам право, но научив.

Приватна архива

Потоа како растев немав фатено игла во рака, но сега ми дојде напливот на креативност, инспирација и желба да стварам уникатни парчиња што ќе се носат. Доволно е да го видам конецот или волницата и да добијам идеја што да се прави од неа.

Змејот за мене е храброст, мистериозност, слобода, авантура, истрајност, мудрост.

Приватна архива

Што се крие зад името на брендот?

Тоа е некоја моја кованица, Dragon – змеј , Elle – Елена -DragonElle. Кога го сплетов првото шалче, ја ставив првата етикета на него и ми се допадна како изгледаше. Името веќе си постоеше и уште пред да почнам со плетењето, размислував дека што и да почнам да правам со симболот на змејот.

Приватна архива

Змејот за мене е храброст, мистериозност, слобода, авантура, истрајност, мудрост. Се пронајдов во сето тоа и верувам дека другите ќе ги пронајдат тие нишки во моите парчиња. Сакам да верувам дека и змејот лета со со секое парче, како што и му доликува (ха, ха ха).

Приватна архива

Паметите ли што сплетовте за првпат во животот?

Прв пат сплетов џемперче за мене во розева боја, а за сестра ми тегет. Тоа беше пред повеќе од дваесет години. Со радост и со многу мерак си го носев, затоа што беше нешто што сама сум го направила. Тое е неописливо чувство.

Приватна архива

Како настануваат идеите за моделите ?

Кога плетам по желба на другите, тие често сами си бираат боја и модел. Јас само им сугерирам со што конец или волница може да се плете. Често ми се случува луѓето сами да дојдат со име и приказна за парчето што сакаат да им го направам, на пример сакам шал со боја на качунка (жолто – виолетова ); сакам шал Љубов во црвена боја; капа и ракавици во боја на жито и небо – жолта и сина. Во моментов платем еден многу специфичен и елегантен шал што веќе има име и приказна – Поезија.

Приватна архива

Интересно е што така на некој начин и ги запознавам клиентите, карактерно, затоа што ми ги раскажуваат нивните приказни што се кријат зад имињата Качука, Поезија, Љубов, …

Понекогаш моделите настануваат по процес на истражување и собирање информации. Благодарение на модерните алатки и интернетот знам да видам неколку различни модели, но  потоа сепак да направам нешто по мое. Затоа кај рачната работа секое парче е уникатно.

Приватна архива

Ова лето во голем тренд се мрежастите наметки за на плажа…има ли голема побрувачка за нив ?

Да, летово доминираат мрежестите дезени, напетки, шалови, здолшништа. Се носат како наметки на плажа, врз летни панталони, сукњи и летни лелеави фустани. Ме радува што заинтересираноста и побарувачката е зголемена.

Приватна архива

Какви модели се најактуелни? Кои ги препорачувате вие?

Мрежестите наметки во различни должини, (не)симетрични, со реси или без, со или без ракави, кои може да се комбинираат и со различни парчиња гардероба, не само за на плажа. Актуелни се и сплетените блузи со широки или тенки прерамки (бретели). Се враќа модата, иако мислам дека никогаш не излегле од мода и плетените чанти за на плажа, но и за секојдневен или дневен аутфит. Јас најчесто велам дека секој треба да е храбар во својот избор и стил.

Приватна архива

Складно и умешно да ги комбинираат парчињата кои ги носат на себе, без разлика на сезоната и местото на кое одат. Препорачувам да се носат уникатни работи и додатоци, посебно рачните изработки. Во нив е вложено многу труд, макотрпна работа  и ако нешто изгледа убаво и оригинално, тоа треба да се цени.

За сѐ треба марифет – викаше баба ми.

Приватна архива

Која е вашата техника за плетење?

Плетење со една игла, народски познато како чингелаќе, иако плетам и со две игли во различна големина и дебелина. Иглата се бира во зависност од дебелината на конецот, волницата. Потенкиот конец бара потенка игла, подебелиот сака подебела.

Приватна архива

Што сѐ умеете да направите со иглата и конецот(вилната)?

Понекогаш мислам дека со игла и конец можам д асплетам сѐ, цел свет (ха, ха ха). Почнав со шалчиња, продолжив со џемпери, наметки, ташни. Правам и здолништа шешири, сукњи, флакери за на маса, прекривки кревети и гарнитури, накит. Ова е бескрајно забавен и креативен процес. Требаат само игла, конец, време и пред вас се отвора цело едно пространство од идеи и форми.

Приватна архива

Дали е ова ваша примарна дејност или само хоби ?

Плетењето ми е сега за сега само хоби во слободно време. Покрај мојата примарна дејност наоѓам време и за иглите. Можност за креативност наоѓам и во исцртувањето и украсувањето на нокти, нивна надградба. Завршив неколку обуки за тоа и постојано се надоградувам. Голем предизвик ми е и работата со дрво, сакам да изработувам парчиња мебел или украси за домот токму од дрво. Се надевам дека ќе успеам да се обучам во тоа, а потоа да набавам и алатки за работа. Засега им давам нов живот на старите парчиња мебел по дома, а низ дворот средувам со палети, бои, цвеќиња и многу шари.

Приватна архива

За сѐ треба време, но трпение – спасение, пак да зазвучам како баба ми.

Приватна архива

Како плнирате и посакувате да се развива оваа приказна?

За плетењето имам многу идеи. Се надевам дека ќе се изреализираат и дека DragonElle навистина ќе лета на многу страни (хахаха). Убаво ми е да ја плетам приказната за змејот, се надевам дека ќе стане препознатлива и ќе може да понуди за секого по нешто. Убаво е чувството дека можеш да исплетеш нечија желба.

Приватна архива

Што мислите, дали во Македонија ја ценат рачната изработка ?

Да, во последно време зголемен е интересот за рачните израбтки, но сѐ уште не се цени онолку колку што навистина вреди. Оној кој не разбира колку време, труд, енергија и работа е вложено во секое едно парче, секогаш цената ќе му биде многу и превисока. Често слушам коментари од типот: ова и јас можам да го сплетам, ех па зар ова е толку скапо?

Приватна архива

Цената на рачната изработка не може да се мери и споредува со фабрички направените парчиња и тоа е сосема погрешен пристап. Но секој има право на избор, а тука се пресудни секако и вкусот и стилот.

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button