Оваа фатална жена беше една од најубавите во цела Македонија – Вики Среброва, некогаш и сега!
Една од најубавите жени во Македонија сподели фотографија од младоста и уште еднаш покажа зошто го носи епитетот „фатална“.
Никој не може да остане рамнодушен на убавината на пејачката и водителка Вики Среброва.
Во дамнешните 70-ти години во поранеша Југославија, Вики Среброва од социјалистичка Македонија беше официјално прогласена за „Најубавата насмевка на Југославија“.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Скоро и да не постоеше маж кој не беше вљубен во неа.
Денес Вики гордо се носи со годините и може да се каже дека старее како виното.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Една е од ретките кои јавно проговорија за естетските корекции кои ги направиле .
Годините не ѝ можат ништо, пејачката изгледа прекрасно, се уште ја има нејзината специфична убавина и зрачи со позитивна енергија.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Вели дека нејзината убавина и совршена кожа сепак се и дел од генетиката. Откри дека нејзините родители, дури и на стари години имале убава и мазна кожа.
Активна е на Фејсбук каде скоро секој ден објавува нешто ново, а често знае да сподели фотографии од нејзиното семејство.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Максимално ужива во животот и се труди секогаш да е опкружена со среќни и весели луѓе, во добра атмосфера.
Според неа, џабе ѝ се на жената сите естетски операции на неа, ако не зрачи сама по себе, ако не го негува позитивниот дух.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Од бракот со фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.
Времето поминати со нив за неа се најскапоцени и секогаш ги овековечува со фотографија.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Вики на својот Фејсбук профил сподели фотографија од нејзината младост.
Оваа фотографија е уште еден доказ зошто многумина за неа велат дека е „фатална“.
Во коментари доби многу комплименти и пофални зборови.