Македонската Анџелина Џоли ни одржа модна лекција – ПОУБАВО ЛЕТНО ИЗДАНИЕ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ (ФОТО)
Зрачи со гламур и провокација
Фустан што ќе ви го разубави летото
Поранешната македонска манекенка Александра Накова ужива во убавото сончево време на својот годишен одмор.
Таа речиси цело лето помина на егзотични дестинации, а овој пат покрај сонцето и морето ги изненади сите и со своето летно издание.
Манекенката позираше во тесен црн фустан, со длабок шлиц до колковите, со кој максимално го истакна своето тело.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Накова е во топ форма, па во последно време постојано ги изненадува своите следбеници со секоја фотка што ќе ја објави.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Но овој пат во главна улога е тесниот црн фустан, во кој Накова, со длабокиот шлиц и отворените делови, изгледаше како морска принцеза.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Тесниот горен дел го истана нејзиното раскошно деколте, додека на нозете имаше елегантни црни сандали со златно синџирче.
Длабокиот шлиц ја истакна и нејзината голема тетоважа на бутот, па манекенката буквално блескаше во ова свое издание.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение…