Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ уште од мали нозе привлекуваат големо внимание во јавноста.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Поради популарноста на нивните родители и тие се постојано под будното око на јавноста која сака да ѕирне во тинејџерскиот свет на Атина и Ника.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
На социјалните мрежи постарата ќерка Атина беше вистинска ѕвезда, но по веста дека Јелена и Душко се разведуваат таа реши да се повлече и долго време нема никаква објава.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Атина со оглед на витката фигура и висината отсекогаш важела за копија на нејзината мајка.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Нејзината манекенска фигура и чувство за мода на големо се коментираат на социјалните мрежи и порталите, а додека поради притисокот на јавноста реши да се повлече, Ника стана многу популарна.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Неодолив шарм, харизма и духовитост се она што првично ги освои срцата на многумина, помладата наследничка на Карлеуша, но се почесто тема е изгледот на Ника Тошиќ, кој се смени речиси преку ноќ.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Преслатка девојка која знаеше да ги насмее сите со своите објави во кои на симпатичен начин зборуваше за тоа колку многу сака да јаде и колку и е тешко да се грижи за исхраната, одеднаш порасна во вистинска убавица и трендсетерка чии објави бројат илјадници лајкови и коментари.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Сега Ника порасна во вистинска млада дама, а нејзините објави на популарната платформа „Тик-Ток“ каде изгледа поубаво од било кога, сведочат дека е разубавена и дека повеќе се грижи за нејзиниот изглед.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Појавата на Ника Тошиќ, нејзината трансформација како и имиџот со кој често експериментира, станаа инспирација за многу нејзини врсници, а бидејќи описот на нејзината последна објава гласеше: „Диетата се исплатеше“, се крена полемика за тоа како Ника успеала да ослабне повеќе од десет килограми.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Имено, за нејзината трансформација е заслужна строгата и регулирана диета која ја препиша познатата нутриционистка Ана Петровиќ.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Диетата која значително влијаеше на изгледот на Ника Тошиќ се состои од зеленчук, овошје и бело месо и секако ги исклучува сите нездрави намирници, а дека оваа убавица сега е задоволна од својата фигура покажува нејзината насмевка и самодовербата со која зрачи.
@.nikaspam Isplatila se dijeta 👏👏👏