Ова е прв и единствен пат кога црвенокосата Јована Јоксимовиќ се појави во бикини и го запали интернетот
Единствената фотографија на водителката во костим за капење
Црвенокосата убавица Јована Јоксимовиќ е позната водителка и сопруга на популарниот пејач Жељко Јоксимовиќ.
Јована важи за една од најубавите и најзгодните жени меѓу познатите дами во регионот и со секое свое издание плени, каде и да се појави.
Јована е поприлично позната и на социјалните мрежи, каде само на својот профил на Инстаграм има преку 100.000 следбеници.
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Таа често споделува фотографии од своите елегантни изданија, но за разлика од многу нејзини колешки, Јована речиси никогаш досега сме немале пригода да ја видиме на фотографии во костими за капење, кои се хит во овој период од годината.
Нејзините обожаватели имаа прилика да ја видат во вакво издание пред десетина години, кога нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ го прифати предизвикот на Емина Јаховиќ, и од хуманитарни цели се поли со студена вода, а неговата сакана му асистираше.
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Како што пренесува српскиот „Блиц“, ова е прв и единствен пат фановите да ја видат Јована во летно издание, облечена во костим за капење.
Јована тогаш имаше 33 години, а фотографијата на која позира во вакво издание се уште се врти на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Инаку, Јована е убава и негувана дама, која секогаш е дотерана од глава до пети и внимава на својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Но на социјалните мрежи таа одвреме-навреме знае да објави и опуштени фотки, па дури и кога е без шминка на лицето.
Водителката нема ниту една естетска операција на себе, а како што забележуваат фановите, таа и без шминка и има негуван и убав, блескав тен.
Како Јована изгледа и во ова свое издание и зошто важи за една од најубавите дами во регионот, погледнете во продолжение: