Еве со кого патува пејачката од Македонија што победи во најгледаното шоу на Балканот – ќе се изненадите
Пејачката го имаше својот прв настап во Босна и Херцеговина
Еве со кого патува победничката во Ѕвездите на Гранд
Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, настапи заедно со своите колеги од шоуто во Бихаќ во Босна и Херцеговина.
Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид откри дека во автомобилот патува заедно со победничката, но и дека со нив се пејачката Ивана Петерс и Александар Јосифовски, рокерот од Охрид кој беше минатогодишниот вицешампион во популарното музичко шоу.
Веселата и расположена екипа направија одлична забава, а Славица објави неколку фотографии од концертот.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа за оваа пригода носеше долг црн фустан и црни старки, а целото издание го зачини со суптилна шминка и убава фризура.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Инаку Славица која оваа година триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“, по победата постојано настапува со својата екипа од шоуто.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа откако го освои трофејот најпрво настапи во својата родна Струмица, а за овој настап се уште се зборува во нејзиниот роден град.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Пејачката со победата во шоуто треба да добие песна, спот и комплетен маркетинг од продукцијата, и сите се нестрпливи тоа да се случи.
Покрај песната и спотот Славица доби и автомобил, а како изгледаше победничката од Македонија додека се натпреваруваше во популарното музичко шоу, погледнете во продолжение…