Реклама
Наши ѕвезди

Испливаа стари фотографии од Гавазова – нема да ја препознаете, посебно во едно вакво издание

Таа е вистинска заводничка на која малку мажи би останале рамнодушни пред неа

Реклама

Отсекогаш важела за вистинска заводничка

Пејачката Сузана Гавазова кариерата ја започна кон крајот на 90-те, кога со песната „Ако ако, нека нека“ настапи на „Фолк Фест Валандово.

Пејачката во тоа време настапуваше со групата Пицикато со која има издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола.

Маркетинг

Гавазова која по потекло е од струмичкото село Сушица уште од самиот почеток се издвојуваше со својот провокативен стил.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Таа беше една од најубавите фолк пејачки, а според многумина Гавазова беше и остана симбол на женственоста во нашата држава.

Фото: Инстаграм

Но за разлика од денес, кога за пејачките од поновата генерација постојат еден милион уреди за фотографирање и најразлични филтри и програмчиња за средување на фотките, Гавазова на почетокот од својата музичка кариера, ги немала тие можности.

Фото: Инстаграм

Сепак, Гавазова и тогаш, како и денес, привлекувала внимание со својот изглед, а нејзиниот стил досега поприлично се променил.

На социјалните мрежи се уште се вртат фотографии од нејзините почетоци, а она што сите од прва го забележуваат е дека оваа наша позната фолк-пејачка која овој декември треба да наполни 44 години, и која има родено две ќерки, се уште изгледа беспрекорно на своите фотографии, па дури подобро од кога било досега.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме пејачката неодамна во интервју за Гламур магазин (види тука), кога станува збор за нејзиниот изглед откри дека не постои никаква тајна и некои посебни третмани, туку дека го практикува она што го знае секој што сака добар изглед, а тоа е спорт, здрава исхрана, без стрес и нервози.

Фото: Фејсбук

„Откако знам за себе сум активна на тоа поле и така се одржувам. Најчесто пешачам во планина и правам основни вежби“, ни откри Гавазова.

Фото: Фејсбук

И како што самата вели, благодарение на својот физички изглед не ја крие бројката и е горда на своите 43 години, а најсреќна е кога се среќни нејзините деца и кога тие се смеат.

Фото: Фејсбук

Исто како и кога е на сцена, кога ги гледа луѓето како се веселат на нејзините песни, вели оваа негувана и убава жена.

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button