Сузана Турунџиева ги расплака сите: Со емотивна порака се присети на покојниот партнер Марјан- “Oстанаа само спомените, сеуште фали твојот поглед”
На овој ден доживеа голема трагедија...
Пред седум години, водителката Сузана Турунџиева ја извести јавноста дека по кратко боледување го загуби својот партнер Марјан Јовановиќ.
фото Фејсбук/Сузана Турунџиева
Само еден месец по смр.тта на Марјан, водителката ја издаде книгата посветена на него насловена како,,Не вели збогум.
фото Фејсбук/Сузана Турунџиева
Како што откри пред неколку години за книгата добила инспирација уште вториот ден по смртта на Марјан.
фото Фејсбук/Сузана Турунџиева
Тогаш Турунџиева истакна дека книгата е нејзиното проштално писмо во кое што ги сместила најсреќните и најтажните моменти од нивната љубов.
фото Фејсбук/Сузана Турунџиева
,,Трагедијата со Марјан сосема ме исфрли од колосек. За да не полудам, уште вториот ден се свртев кон пишувањето кое што е мој штит и мое прибежиште. Знам дека морам да одам напред, од дванаесетти продолжувам со моите емисии, немам друг избор… Имав четири романи со ведри содржини спремни за промовирање, но животот е непредвидлив. Марјан почина од инфаркт на почетокот на своите четириесетти години, па на сите би им порачала да се пазат себе и своето здравје, барем половина од тоа колку што ги пазат другите околу нив, оти нема ништо поважно од здравјето. Болеста не прашува за години, а животот, тој нема реприза,, – изјави тогаш Сузана за Фокус.
Но денеска таа повторно ги растажи фановите со последната објава посветена на Марјан.
Имено таа сподели фотографија и во описот напиша трогателна порака со која ги расплака следбениците.
фото фејсбук/Сузана Турунџиева
Времето лета, точно 7 години од оној кобен ден.
Останаа само спомените, фотографиите и нашите “корицаќиму” кои сега се големи девојки, веќе и мајки..
фото фејсбук/Сузана Турунџиева
Почивај во мир наш Марјане – сеуште фали твојот поглед, насмевка, твојот парфем и хуморот со кој ни го разведруваше секој ден…
фото фејсбук/Сузана Турунџиева