Отмена и грациозна: Ова е сопругата на легендарниот Ибуш Ибраимоски – еве каде уживаат
Пејачот кој го испеа најголемиот македонски хит на сите времиња, ужива во летото заедно со сопругата.
Ибуш сподели фотографија со својата сакана и ги воодушеви фановите.
Живата легенда, Ибуш Ибраимоски препознатлив е по шеширите кои се дел од неговиот стајлинг секогаш и секаде, но и по неговиот најголем хит „Розо моја“.
Без оваа пена не може да се замисли ниту една прослава во земјава.
Потекнува од музикално семејство, а уште од многу млад ја започнал својата музичка кариера со која до ден денес се занимава. Важи за голем професионалец.
Неговата песна „Розо моја“ стана огромен хит, иако првично тој не сакал да ја отпее.
Во емисијата „Магазин“ пејачот откри дека прво ја одбил оваа песна, па истата им била понудена на фолк- пејачите Горан Тодоровски и Душко Георгиевски кои не прифатиле да ја пеат. Кога втор пат ја слушнал, дури тогаш сфатил дека е создадена за него.
„Не ми легна одма. Морав да ја слушам малку повеќе. Кога вториот пат му ја пуштив на мојот колега Томче и рече дека е убава, реков дека за инает ќе ја пеам. Ја испеавме на Тетовски филиграни. Таму гледам публиката реагираше јако, велам гласови мора да има песнава. Светлана Радевска ми вика „Ибуш не си ни меѓу првите три“. Кога се пребројуваа гласовите гледам повеќе се за мене. Мене ми дадоа да поделам прво место со Јакимовски еден пејач кој дојде од Германија“, кажа Ибуш.
Текстот е на Огнен Неделковски кој е работен по вистинска приказна за неговата сопруга Соња.
Ибуш и понатаму е активен на музичката сцена и може да се каже дека е еден од најангажираните музичари кај нас.
Природата на неговата професија е таква што најчесто навечер се работи.
Сепак, денот максимално се користи и се поминува со најсаканите.
Заедно со неговата сопруга тој одлучи да одмори покрај Велешкото езеро.
На Фејбук сподели фотографија со војата сакана, а во опис напиша:
„Велешко езеро – после бурната ноќ, малку денска шема“.
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски
ФОТО: Фејсбук / Ибуш Ибраимоски