Новости

Македонија во солзи: Згасна животот на македонската докторка која инспирираше со својата позитивност

Голема тага, почина младата македонска докторка која за својата битка со канцерот зборуваше јавно.

Advertisement

Мисијата на Марија Бунда Калпак беше да ја подигне свеста за ракот на дојка и отворено говореше за својата борба.

Таа одлучи јавно да ја раскаже својата приказна, а на Инстаграм постјано ја информираше јавноста за своето лекување, но и споделуваше совети со кои влеваше позитивна енергија и надеж до сите оние кои поминуваат низ тежок период.

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

Постојано потенцираше на важноста од редовни прегледи кои се од непроценливо значење за раното откривање на разни заболувања, додека можноста за елосно излекување е огромно. За болеста дознала кога имала 28 години, по прекинот на доењето на своите две ќеркички.

Advertisement

Како што раскажа, почувствувала грутка на левата града, но сметала дека е некоја нус појава од доењето.

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

Се одлучила да направи ехо откако грутката веќе почнала да се зголемува и да боли, но и докторот ѝ рекол дека станува збор за густо масно ткиво.

Иако нејзината мајка е радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ, Марија снимката од ехото ѝ ја покажала дури поле 2 месеци откако грутката сериозно почнала да се зголемува.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

Тогаш започна нејзината борба со оваа тешка болест, а нејзиние следбеници на Инстаграм беа во тек со сѐ што ѝ се случува.

Денеска, во медиумите се прошири веста дека Марија ја изгубила битката.

Нејзините следбеници и пријатели сега се збогуваат со неа.

ФОТО: Инстаграм

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

ФОТО: Инстаграм / Марија Бунда

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button