Комбинезонот на Џеј Ло е модел што би го носела секоја Македонка – каде да најдеме слични модели?
Одличен избор за оние што не ги сакаат летните фустани
Одличен избор за овој период од годината
Во топлите летни денови, кога температурите се високи, креациите направени од прозрачни материјали се најпаметниот избор, без разлика дали станува збор за вечерни или дневни пригоди…
Ова правило важи за фустаните, но и за комбинезоните кои можат да бидат подеднакво женствени и сексапилни.
Одличен пример за тоа е ова фантастично издание на Џенифер Лопез кое може да им биде инспирација на многу жени.
Бауер Грифин, ИНСТАРимаџес
Прекрасната латино дива во комбинезон во страсно црвена боја се прошета низ Лос Анџелес и го украде вниманието на сите.
Бауер Грифин, ИНСТАРимаџес
Таа едноставно блескаше во ова свое издание, посебно што носеше модел кој речиси и не се разликуваше од фустаните.
Бауер Грифин, ИНСТАРимаџес
Таквиот ефект е постигнат благодарение на широките, ѕвонести ногавици додека во горниот дел комбинезонот се врзува на грбот.
Бауер Грифин, ИНСТАРимаџес
Како што веат светските модни гуруа, овој комбинезон е совршено решение за сите жени кои не сакаат да носат фустани.
Бауер Грифин, ИНСТАРимаџес
Што се однесува до познатата пејачка и актерка, Џеј го носеше со чанта од еден од најпознатите брендови од кој поседува цела колекција.
Само пред неколку дена беше забележана во чанта од истиот бренд од 21.000 евра, а во својата колекција има и од 300.000 евра.