Мелина Џиновиќ, сопругата на Харис Џиновиќ е истакната модна дизајнерка а често привлекува внимание со својата убавина и атрактивен изглед.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
Тие важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена и иако Харис е 30 години постар од Мелина, разликата никогаш не им претставувала проблем.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
– Се додека не го запознав Хари, бев насочена исклучиво на училиште, патувања и испити. Сакав домашни собири, добри филмови и книги. Пресвртот се случи на 22 години, кога се омажив за него и родив деца. Денес живеам слободен живот, без никакви ограничувања. Секогаш го прашувам Хари за сè, дури и ако можам да излезам, што тој смета дека е смешно. Водам живот што тој ми го овозможи, а тоа може само да го посака човек, изјави еднаш Мелина во едно интервју.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
Мелина порано имала проблеми со вишокот килограми, а денес важи за една од најатрактивните жени во регионот.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
– Горд сум на Мелина, таа направи толку многу во животот. Таа роди две прекрасни деца и влезе во брак како бумбар тежок осумдесет килограми, а пред породувањето имаше само шеесет и четири. Многу е тешко да се изгубат толку многу килограми и да се остане нормален, изјави тогаш Џиновиќ.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
Нивната ќерка неодамна објави фотографија од нејзините родители од младоста, поточно од периодот кога Мелина била во породилиште, а ние имаме можност да видиме како изгледала убавата сопруга на Харис во тој период.
фото инстаграм/ Џина Џиновиќ
Да потсетиме, нивната љубовна приказна трае веќе 16 години.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
Иако тридецениската разлика меѓу нив беше причина за социјална осуда, нивната љубов ги надмина сите препреки, а најголема пречка меѓу нив беа родителите на Мелина Џиновиќ.
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
– На почетокот нејзините родители имаа страшен отпор. Особено поради големата разлика во годините – изјави еднаш Харис во интервју за „Глорија“ и откри дека на Мелина и било многу тешко:
фото инстаграм/ Харис Џиновиќ
– Се сеќавам дека и реков: “Брзо ќе помине! Ќе видиш, кога ќе дознаат дека си бремена, се ќе биде поинаку! Баш така беше. Сега се пресреќни што добија внука – откри тој , нагласувајќи дека родителите на неговата сопруга конечно го прифатиле.