Првата дама на Македонија како вистинска модна икона – гламурозниот фустан никого не остави рамнодушен
Бети знае како да го избере вистинскиот фустан за себе
Елегантно издание на нашата Прва дама…
Првата дама на Македонија ,Елизабета Ѓоргиевска, заедно со својот сопруг, претседателот Стево Пендаровски, блескаше со сиот свој шарм на отворањето на 63. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Таа за оваа специјална пригода избра преубав црн фустан со дизајн кој изгледа како некое вистинско ремек-дело.
Тоалетата што Првата дама ја носеше беше без ракави и со широко здолниште, со затворено деколте и интересен дезен на долниот дел.
Елизабета ја истакна својата тенка половина со ременче, а целото издание го заокружи со суптилна шминка и преубава фризура.
Како изгледаше нашата прва дама во ова свое издание, но и еден модел на црн фустан кој е „маст-хев“ за ова лето, погледнете во продолжение:
H&M
Во прашање е популарниот „слип“ модел кој е идеален избор посебно кога температурите ќе поминат преку 25 степени.
Zara
Погледнете го изборот на нашите модни уредници…