Елена, сопругата на премиерот Ковачевски, изгледаше феноменално на вечерата со Володимир Зеленски
Свечено, модерно и потполно соодветно за пригодата
Црниот фустан никогаш не излегува од мода и секоја дама може на еден посебен и неодолив начин да заблеска во него.
Впрочем тоа сега ни го покажа и сопругата на премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, Елена Ковачевска, која во една прекрасна црна креација се појави на свечената вечера организирана од страна на претседатели и првата дама на Литванија на Самитот на НАТО.
Елена за оваа посебна пригода избра креација од македонската дизајнерка Тања Кокев со која никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски
Нејзиниот црн фустан беше до под колената, што е совршена должина за еден ваков вид на настани.
Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски
Креацијата е со тесен горен дел и од половината почнува да се шири, со што ги истакнува колковите и со самото тоа ја прави женската силуета да изгледа уште поженствено, попривлечно и поелегантно.
Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски
Фустанот е без ракави, со ефектна бела ружа на едната страна, рачно изработена во студиото на познатата дизајнерка.
Фото: Инстаграм/ Тања Кокев
Кога станува збор за обувки, Елена одлучи овој класичен момент да го дополни со црни салонки со шпиц и високи потпетици, додека на лицето носеше суптилна шминка и имаше преубава фризура.
Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски
Во продолжение погледнете уште неколку модели на црни фустани за кои се инспириравме од ова издание на госпоѓа Ковачевска.
Единствениот црн фустан што ви треба за ова лето
За сите претставнички на понежниот пол што бараат идеален црн фустан од кој нема да излезат ова лето – ова е моделот што е прогласен за број 1 за оваа сезона и едноставно нема жена што не го обожава.
Фото: Инстаграм/ Descolada
Во прашање е популарниот „слип“ модел кој е идеален избор посебно кога температурите ќе поминат преку 25 степени.
Фото: Инстаграм/ Hana The Label
Неколку вакви модели погледнете во продолжение…