Познат психолог открива: Ако ги правите овие работи поинтелигентни сте отколку што мислите
Психолог открива 5 знаци на интелигенција, проверете дали имате некоја од овие навики.
Али Фенвик стана многу популарен на социјалните мрежи, каде што редовно објавува содржини што предизвикуваат јавен интерес. Имено, тој ги користи социјалните мрежи за да ја доближи модерната психологија до масите, најчесто со објаснување на различни техники за подобрување на општата благосостојба и човечкото однесување на едноставен начин.
Една од темите што реши да ги опфати во кратко видео се необичните знаци на интелигенција, т.е. тој ги посочи човечките карактеристики кои на почетокот не би ги поврзале со интелигенцијата.
Тој тврди дека еден од скриените знаци на интелигенција е претераното размислување. Имено, тој смета дека оние кои ги преанализираат работите и постојано размислуваат за нешто имаат завидно ниво на саморефлексија и интроспекција. Ги краси емоционална интелигенција, но зголемената свесност за своите и туѓите постапки може да има многу оптоварувачки ефект врз нив.
Ако сте ноќна птица, тоа доволно зборува и за вашата интелигенција. Научниците не тврдат дека легнувањето подоцна нè прави попаметни, туку спротивното – повисокиот коефициент на интелигенција е причина за подоцна да си легнете.
Следниот знак е чувството за црн хумор и сарказам. Имено, според Фенвик, како и некои научни истражувања, сарказмот е карактеристика на интелигентните луѓе со брз ум. Исто така, саркастичните луѓе имаат добро влијание врз другите бидејќи кога комуницирате со нив, вашиот мозок мора да работи многу побрзо од вообичаено.
Четвртиот знак е кратковидоста (миопија), која, судејќи според коментарите, особено ги збунила луѓето, но има научна основа. На пример, научното списание Nature Communications објави дека поинтелигентните луѓе почесто носат очила или леќи или се генетски предиспонирани да ги носат во иднина.
Ако сакате да го поминувате времето сами, тоа е и знак на интелигенција, смета психологот. Имено, студија објавена во British Journal of Psychology покажала поврзаност помеѓу способноста за добро справување со осаменоста и интелигенцијата. Слободното време го користиме за размислување, поставување приоритети, планирање, а сето тоа води до поголема самоконтрола, пишува Sensa.hr.