Кожата ѝ се распаѓа и ниеден хирург веќе не сака да ја оперира: Погледнете како денес изгледа живата барбика
Имаше безброј операции, дури и го промени полот, а сака да пресади и матка, луѓето се згрозени од неговите фотографии, но тоа не го засега.
Родриго Алвеш стана глобално популарен заради неговите бројни пластични операции, за кои се проценува дека ги имал повеќе од 100. Тој бил подложен на такви зафати што буквално стана живиот Кен.
По масовните операции дошол до нова идеја, да го промени полот и на тој начин да стане човечка Барбика. Почнал и со хормонска терапија, а потоа го сменил името во Џесика. Покрај промената на полот, тој морал и да се подложи на феминизација на лицето како и врзување на желудникот за да ослабе.
Меѓутоа, тоа не е крајот, Џесика сега сака да ѝ биде пресадена матка за да биде првата транс жена која ќе роди дете. Во светот досега не е направена ваква успешна трансплантација.
И покрај тоа што кожата на некои делови буквално ѝ скапува, Џесика не се откажува од операциите. Дури и добила гангрена на кожата на носот поради тешки интервенции. Ја одбиле сите американски, бразилски, па дури и турски лекари, но таа не застанала тука, туку нашла клиника во Азербејџан која се согласила да направи уште едно дотерување.
Сепак, Џесика воопшто не се грижи за коментарите на околината и е целосно задоволна од својот изглед, барем судејќи по коментарите што ги остава под фотографиите.
Мали се шансите да престане со опсесијата со операции, а сите лузни и деформитети ги поправа со помош на филтри и разни програми за уредување фотографии.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин