Нашата поранешна пратеничка ги изненади сите – ова е најубавото издание во кое сме ја виделе досега
Тренди фустан во кој и најтоплите денови се подносливи
Комбинација што зрачи со елеганција и стил
Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Сања Лукаревска, воодушевува со својот префинет стил.
Нејзините последни фотографии од еден настан што ги објави на Инстаграм многумина воодушевија и тоа токму заради нејзиниот изглед.
Сања која често комбинира неутрални нијанси, овој пат одлучи да носи бел летен фустан кој совршено ја истакна нејзината фигура.
Фото: Инстаграм/ Сања Лукаревска
Комбинацијата што ја носеше претставува одлична инспирација за многу жени, посебно за овој период од годината.
Фото: Инстаграм/ Сања Лукаревска
Во прашање е фустан со средна должина и опуштен крој, без ракави и од нежен материја кој е идеален за високите температури.
Кројот беше доволно ефектен и женствен, а Лукаревска дополнително ја истакна својата половина со шарениот ремен.
Фото: Инстаграм/ Сања Лукаревска
Таа целото издание го заокружи со минимум дневна шминка и елегантни обувки кои совршено се вклопија во модната приказна.
Фото: Инстаграм/ Сајриел
Инаку, белите фустани со класичен крој, но и со ефектни детали се хит меѓу најпознатите модни икони ширум светот.
Фото: Инстаграм/ Сајриел
Фустаните во оваа боја отсекогаш биле омилени во текот на летните месеци, па во продолжение погледнете неколку шик модели…