Не го пуштиле по шорцеви во пензиско – отишол до продавница и купил фустан, па се вратил кај чуварот
Целиот Балкан зборува за овој човек од Мостар
Не можел да влезе во зградата за Пензиско осигурување во Мостар, па дошол до генијална идеја со која го засмеа целиот регион.
Имено, тој се појавил во куси шорцеви, па чуварот не го пуштил во зградата. Нешто подоцна влегол во малку поинакво издание…
„Дојдов пред зградата, ме дочека чуварот на влезот. Ми кажа: Господине, не можете да влезете, не сте пристојно облечени“, раскажува за порталот 24часа.хр човекот кој стана вистински хит.
Фото: Фејсбук
Како што вели тој, отишол во првиот дуќан и купил фустан. Потоа се вратил во зградата и прашал дали може сега да влезе.
Фото: Фејсбук
Вториот обид бил успешен и чуварот го пуштил во зградата на Федералниот завод за пензиско и инвалидско осигурување во Мостар.
„Еве, ако треба да влезете во зградата на Федералниот завод за пензиско и инвалидско осигурување, мора вака да сте облечени“, напиша овој човек на социјалната мрежа Фејсбук“, пишува „24сата.хр“.
Тој се снашол така што си купил фустан чија должина е до под колена и така ги задоволил условите за влез во зградата.