Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника Тошиќ, во последно време привлекува големо внимание во јавноста.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Ника е миленичка меѓу нејзините врсници а е многу активна на Тик-Ток каде секоја објава има илјадници прегледи и лајкови.
Наследничката на пејачката и фудбалерот покажа дека ужива во патувањето со својот татко.
Прво го посетија Монако, каде Ника се снимаше од хотелот и го покажа луксузот во кој ужива.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Потоа заминале во Италија, односно во монденското одморалиште Портофино, а гордиот татко ја сликал наследничката и ја објавил фотографијата на својот Инстаграм.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Иако на фотографиите ја нема постарата ќерка Атина, многумина мислат дека и таа отишла со нив, но бидејќи во последно време нема нејзини фотографии на социјалните мрежи многумина сметаат дека се повлекла пораид ситуацијата меѓу нејзините родители.
Инаку, девојките често патуваат и секој одмор го поминуваат надвор од Србија, без разлика дали со мама или со тато.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Гордите родители се обидуваат да ја исполнат секоја желба на своите миленички кои важат за многу скромни и културни тинејџерки.
фото инстаграм/Дупко Тошиќ
Ниту Ника ниту Атина не сакаат да се истакнуваат и да се фалат со луксузот, што особено ги буди симпатиите кај нивните следбеници и речиси е невозможно да не се забележи дека особено Ника е тинејџерка која знае да ужива во своето детство.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
И двајцата родители вложуваат еднакви напори Атина и Ника да пораснат што е можно побезгрижно.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Девојките повеќе време поминуваат со нивната мајка но сепак славниот татко не ја занемарува ниту својата улога.
фото инстаграм/Душко Тошиќ