Оваа жена е мажена за милионер од Дубаи и ужива да му ги троши парите: „Ако ми го скрати буџетот, веднаш ќе го оставам“
Инфлуенсерката Соуди објави видео во кое ги наведе причините поради кои би се развела од сопругот милионер.
Инфлуенсерката Соуди, која е во брак со арапскиот бизнисмен Џамал, стана популарна на социјалните мрежи откако секојдневно објавуваше каков е нејзиниот живот со милионерот.
Сега таа објави видео на TikTok во кое ги наведе причините поради кои би се развела од пребогатиот сопруг.
„Ако ми го скрати буџетот, ако се обиде да се ожени со друга жена, ако ми купува помалку подароци неделно, ако ми каже да се здебелам поради него“, напиша таа под видеото на кое се прикажани скапите подароци и нејзиниот луксузен живот.
Под нејзината објава веднаш следуваа негативни коментари.
„Тој веќе има други жени, само ти не знаеш“, „Ќе го оставиш кога ќе му ги потрошиш сите пари“, „Мора да е вистинска љубов“, Џамал, можеш да најдеш подобра“, се само дел од коментарите.
Инаку, сопружниците живеат во Дубаи, а Сауди неодамна ги откри и „маните“ на бракот со милионер.
Таа напиша дека нејзиниот сопруг е секогаш зафатен и нема време за неа, а таа постојано мора да се дотерува. Потоа изјавила дека не смеела сама да го вози автомобилот. Исто така, вели дека е уморна затоа што често патуваат, а проблем во животот и е што сопругот и нарачува премногу храна, па тешко ѝ е да избере што да јаде.
Покрај тоа, таа рекла дека добива премногу подароци од партнерот и не знае каде да оди со нив.
„Дали траумата вреди сето ова“, напиша таа во описот на видеото кое го погледнале околу 10 милиони луѓе.
„Навистина тежок живот“, „Дајте ми го мажот, можеби на неколку дена“, „Ги сакам овие проблеми“, напишале нејзините следбеници.
Соуди собра повеќе од милион следбеници на TikTok, додека има околу 150.000 фанови на Инстаграм.
ФОТО: Притскрин
ФОТО: Притскрин