Интервју

Сакам да шетам по Пополжани, го обожавам селото од кое што потекнувам – искрено со Спасен Силјаноски

Неколку интересни работи што не сте ги знаеле за нашиот познат пејач

Реклама
Реклама

Пејачот Спасен Силјаноски во последно време стана многу интересен за публиката.  По неверојатниот балкански хит „Ќе ти дојдам“ Сапасен екстермно се доближи до фановите и не ретко открива и за детали од својата прибватност и преку медиумите.

Ние се обидовме да дознаеме за него некои работи кои што на пошироката јавност не ѝ се познати.

Искрено, се надеваме дека ова интервју ќе биде забавно за вас.

Маркетинг

Фото: Приватна архива

Која е вашата омилена храна и омилен пијалок?

Не сум пребирлив за храна, не сум гурман, што ќе подготви сопругата тоа, или кога сме кај моите на гости што ќе подготви мајка ми задоволен сум.

Маркетинг

Ги обожавам традиционалните јадења, како гравче-тавче, муска, селски домашни пиперски испржени со јајца и со патлиџанчиња, пораснат сум со млеко. Потенцирам дека многу сакам лазањи!

Од безалкохолни кога сум жеден сакам да се напијам швепс, а од алкохолни сум љубител на пиво. Ракија не консумирам, освен кога сум кај мене во село сакам да се напијам домашна која сам сум ја правел.

Фото: Приватна архива

Одлично изгледате, секогаш сте во супер форма, на кој начин се грижите за вашиот изглед?

Не внимавам премногу на храна, и да сакам не можам, моите ангажмани не ми дозволуваат да пазам. Се случило да не јадам некогаш цел ден , па потоа да седнам и наеднаш да изедам многу или се случило да јадам после свирка во 3, 4 сабајле бурек, плескавица… А тоа секако не е здраво, но компензирам со вежбање фитнес.

Фото: Приватна архива

Морам дасе пофалам дека во 2007 година бев второ место во фитнес на ниво во Македонија. Многу сакам да возам велосипед, во последно време се искачувам на врв на Водно.

Исто сум љубител на возње крос мотори по палнините на Македонија. Буквално нема врв што е достапен, кај што се немма искачено. И тоа го нарекува спорт бидејќи навистина се троши енергија и е дел од еден здрав живот.

Фото: Приватна архива

Спортувањето го сметам за важен дел од животот на секој човек посебно за музичар, покрај гласовните способности пејачот треба да изгледа добро за окото на публиката. Советувам сите колеги да се грижат за своето здравје.

Фото: Приватна архива

Што правите во слободно време, дали имате хоби?

Времето најчесто го користам за да го поминам со сопругата и со децата. Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево , да шетам по Пополжани, да взоам велиоспиед, така се полнам емотивно.

Фото: Приватна архива

Исто сакам да ги посетам и нашите христијански православни храмови како манстирот Св. Пречиста кој е мојот духовен дом исто и Бигорскиот манастир. Едноставно слободното време го користам за да наполнам батерии бидејќи нашата работа е стресна.

Фото: Приватна архива

Дали чувате домашно милениче?

Да имам домашно милениче, односно домашен миленик, односно домашно миленичиште!

Фото: Приватна архива

Имам шарпланинец, има три години се вика Оскар. Огромен е !

Фото: Приватна архива

Со педигре. Јас сум љуботел на шарплаанинци, а го чувам кај моите во Кичево. Во Скопје имам едно маче. Да знаете мачето ви дава многу позитивна енергија, кога сте нервозни само земете го во раце, кога преде ви дава вибрации кои ве смируваат.

Фото: Приватна архива

Како би го опишале вашиот стил на облекување?

Приватно се облекувам многу нормално, не сум од оние дека мора да има знакче на брендирана облека , го одбирам наједнсотавното парче облека. Во слободно време најчесто сум спортски облечен, комотно… На моите настапи практикувам да сум како што доликува на еден пејач на народна музика, задолжително смокинк, одело, кошула…

Принтскрин/ Јутјуб

Да бев рапер ќе се облекував со скинати фармерки, но согласно со музиката мора да одговара , еден традиционален, културен, но во рамките на трендот. Не сакм кичерај. На настап гледам да сум скромно облечен, летни пантолони, мокасинки или еспадрили.

Фото: Приватна архива

Каква музика слушате приватно?

Се слушам од музика во зависност во каков елемент и амбиент сум, во зависност какви ми се емоциите. Еве обично кога по настап се врачам накај дома не слушам музика бидејќи тогаш сум преполн со музика, а ако слушам тогаш пуштам серизона музика, обожавам класика, понекогаш слушам ретро, го обожавам Френк Синатра, сакам од типот на Ѕвонко Богдан, тамбураши или далматински песни. Единсвено што не слушам и ме прави нервозен, не го презирам ама не го сакам е тој модерн турбо-фолк личмно не ми прија ми ги надразнува ушите.

Фото: Приватна архива

А кога сме на седенка ја земам хармониката и си пееме македоснки песни, и новокомпонирани и стари.

Фото: Приватна архива

Кое е најубавото место во Македонија?

Во Македонија нормално моето село Поплжани и Кичево, каменот си тежи од кај што му е местото и не очекувајте дека ќе дадам друг одговор. Инаку, Македонија изобилува со убавини.

Фото: Приватна архива

А во светот?

Сум прошетал низ светот, односно каде што има македонска дијспора, од Америка, Канада, Австралија, Европа во небаре сите големи метрополи, секоја е посебна на свој начин. Секоја култура може да научите нешто, тешко е да се одлучи човек за едно. Шетањето е едно школо за секој човек. Јас сум авантурист по природа, обожувам да шетам. Колку ви дозволуваат можностите шетајте!

Фото: Приватна архива

Какви се вашите планови до крајот на лето 2023-то? Дали е полна агендата за настапи, свадби…

Да полна е со настапи преполна до доцна есен. Во најолем дел сум ангажиран дома на прослави низ државата.

Фото: Приватна архива

Ова година нема да излегувам на турнеја надвор од Македонија. Имам една кратка турнеја во октомври во Европа, па потоа Австралија. Не е официјално но во преговоори сум за пета америчка турнеја за новогодишните и божиќни празнииц. Апстинирам со нова музика од мене, имам песни кои чекаат да бидат снимени, но тоа некаде во зимските денови , здравје кога е по смирена рабоатата со настапи па ќе направам некоја нова песна.

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button