СНААТА НА БРЕНА ВО ИЗДАНИЕ ОД 130.000 € ПЛАЧЕ ВО ПРАЗНАТА САЛА – дијамантите блескаат на неа
Само сандалите што ги носеше вредат 1000 евра
Пејачката Александра Пријовиќ ги најави своите два големи концерти во Белград, но многумина беа воодушевени и од нешто друго.
Имено, познатата пејачка на конференцијата пред новинарите се појави во издание за кое сите зборуваат.
Познато е дека Александра води сметка за својот изглед и дека секогаш е средена од глава до пети, но овој пат навистина изгледаше посебно.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Таа на овој настан се појави со накит во вредност од 130.000 евра и сандали од познат бренд кои чинат 1000 евра.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Пејачката носеше неколку парчиња од најпознатиот бренд за накит „картије“ – златна огрлица и обетки чија вредност е околу 5.500 евра, односно 4750 евра од колекцијата „лав“, како и две нараквици од злато и дијаманти од колекцијата „juste un clou“ од 14.400 и 5450 евра.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Пријовиќ носеше и дијамантска нараквица и прстен, за кој медиумите објавија дека вредат неверојатни 100.000 евра, така што кога ќе се соберат овие суми се доаѓа до вкупна цифра од 130.000 евра.
Фото: Принтскрин
Таа носеше бели сандали со златни детали од Том Форд со препознатливото катанче и цена од 1000 евра.
„Добар ден на сите. Прво морам да кажам дека имам трема и дека последен пат сум ја имала пред десет години. Ви се заблагодарувам што дојдовте и ви благодарам на разбирањето бидејќи уште пред месец дена кажав дека ќе се дружиме“, го започна своето обраќање пејачката.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
„Мислам дека ова е одличен повод, нов албум и распродаден концерт во Арена. Ви се заблагодарувам многу на сите, на моите соработници, публиката и сите што бевте покрај мене“, изјави Александра со солзи на очите.
Кога го откри датумот и на вториот концерт, не можеше да ги издржи пресилните емоции и од возбуда заплака пред новинарите.