Марија имала само 5 години кога мајка ѝ ја оставила сама во продавница и ѝ рекла: „Ми го уништи животот“
Потресната исповед на Марија од Русија, чија мајка ја напуштила кога имала само пет години, ќе ги стопи и најтврдите срца.
„Денес сум среќна, мажена жена и мајка на три деца. Но, кога бев дете, никој не ми требаше. Добро се сеќавам на тој период од мојот живот. А има многу моменти кои упорно се трудам да ги заборавам, но не можам.
Дури кога бев тинејџерка дознав дека и татко ми не ме сака. Но, најстрашниот спомен е кога мајка ми ме остави сама во самопослуга. Имав само пет години“.
Вака Марија П. од Русија ја започна својаа исповед.
„Еден ден со мајка ми отидовме заедно на пазарење, откако и кажав дека многу сум гладна.. Таа ме погледна и ми рече: „Ти ми го уништи животот!“
После тоа, таа строго ми нареди да ја чекам до фрижидерот за сладолед, се сврте и замина.
Непознат маж ми зборуваше и ми понуди да ми купи штрудла со афион, во која долго зјапав. Никогаш нема да го заборавам вкусот на афионот и солзите што ми течеа по лицето. Вкусот до ден денес не го поднесувам, бидејќи нивниот вкус ме потсетува на најлошиот момент во мојот живот: денот кога мајка ми ме остави.
Набрзо се најдов во сиропиталиште. Постојано се надевав дека мајка ми ќе се врати по мене, но залудно.
Еден месец пред да бидам посвоена од семејство, мајка ми дојде во сиропиталиштето, но не за да плаче, да се извини или да моли за прошка – дојде уште еднаш да ми објасни како моето раѓање и го уништило животот.
Ми кажа дека нејзината кариера стагнирала поради мене, дека не може да најде среќа, бидејќи никој не сака жена со дете. Уште тогаш ја молев да не ме остава, но таа се сврте и си замина без трошка сожалување.
Дури сега, после триесет години, можам да и кажам: Ти благодарам, жено, што ми даде шанса да пораснам во нормално семејство, каде родителите имаа толку многу љубов што посвоија напуштено дете. Ти благодарам што ме научи, со твојот суров третман, да ги ценам оние кои ме сакаат и се подготвени да направат се за мене“.