Убавото ТЕТОВСКО ДЕВОЈЧЕ кога ќе викне, со нејзиниот глас, „се кршат“ стакла: Ако не бев ОПЕРСКА певица ќе бев…
Низ кус брз прашалник се обидовме повеќе да ја запознаеме оваа прекрaсна госпоѓица, ново име на нашата сцена
Префинета, шармантна, симпатична, со остар поглед, убавата тетовчанка Ивона Нацевска се повеќе ја освојува класичната сцена.
Таа е на своите почетоци од кариерата, но кога ќе викне со нејзиниот глас „се кршат“ стаклата од прозорците.
-Мојата професорка што ме водеше во основно, а подоцна и во средното музичко образование, паметм како велеше за мене: Колку си ситна, а каков глас излегува од тебе, раскажива низ смеа Ивона.
Маркетинг
Љубовта што ја имала кон Тоше Проески и неговата музика ја инспирирале и таа да посака да влезе во музучките води, открива уметницата за Гламур.мк.
Низ кус брз прашалник се обидовме повеќе да ја запознаеме оваа прекрaсна госпоѓица, ново име на нашата сцена. Таа е на сeкојдневна релација Скопје -Тетово, бидејќи работи во Националната опера и балет, па решивме да започнеме со можеби најтешкото прашање :)
Tетово или Скопје?
– Иако повеќе од денот го поминувам во Скопје, сепак ќе кажам
Тетово.
Вашето секојдневно е исполнето со класична музика, но
дали следите и други жанрови?
– Секако дека следам и слушам други жанрови. Mногу сакам да слушампо поп, џез, исто така
многу ја сакам и латино музиката.
Мојата омилена македонска народна песна е…
-Ој, девојче, девојче!
Мојата омилена поп песна е…
-Многу има и навистина не можам да издвојам…
Што правите во слободното време?
– Моето слободно време најчесто го користам да се видам со
моите најблиски, да прочитам некоја книга да се одморам, и
често сакам и знам во било кое време од денот сама да го
испијам кафето.
Имате ли хоби?
– Освен со музика се занимавам и со фотографирање, па тоа ќе кажам дека е моето хоби.
Дали готвите?
– Кога имам слободно време, да.
Мојата омилена храна е…
-Лазањи
Мојот омилен пијалок е …
-Џин Тоник
Ако не бев оперска пејачка ќе бев …
– Фармацефт, хахаха!
Кој е според вас најубавиот дел од вашето тело?
– Секој се сака себеси онаков каков што е, секој дел од моето
тело за мене е убав со сите недостатоци итн., но кога би морала
да бирам тоа се очите.
Што мислите за она непишано правило -На убавите жени
вратите им се отвораат полесно?
– Ехх… точно е тоа се согласувам со тоа „непишано правило“ но
не секогаш е така.
Гламурозните облеки кои ги носите на операта одлично ви
прилегаат , но каков е вашиот стил на облекување приватно?
– Сосема поразлично од гламурозните фустани, кежуал.
Која жена е според вас е модна икона?
– Giorgia Tordini
Која е вашата омилена оперска претстава?
– Уфф тешко прашање хааха… ги има повеќе тешко е да се
издвои… имам неколку „Риголето“, „Травијата“, „Боеми“,
„Кармен“…
Операта за мене е…
-Моја прва љубов
Доколку сакате да ја гледате на сцената ве известуваме дека на 21 јули ќе прави концерт во рамките на „Скопско лето“, со пијанист гостин од Италија, Антониј Чачо, кој ќе биде нејзин корепетитор.