Марк ПОСТОЈАНО носи здолништа и штикли: Неговата ќерка му е најголема обожавателка – кога ќе порасне ќе му ги позајмува
Овој инженер кој стана вистинска модна икона истакнува дека е обичен среќно оженет маж кој верува дека облеката не познава пол.
Според историчарите, високите потпетици првично биле направени за мажите во 10 век. Релативно неодамна, Марк Брајан, 61-годишен инженер од Германија, почнал да носи штикли и здолништа секојдневно, во секоја пригода.
Негова цел е да ги поттикне луѓето да не се плашат да го носат она што го сакаат и да ги урнат сите стереотипи поврзани со тоа.
Своите радикални промени во облекувањето првпат ги претставил пред четири години. Сега неговите аутфити се состојат од карирани мини здолништа, црвени потпетици, велур чизми и миди здолништа. Тој мисли дека неговиот стил на облекување е сосема нормален.
Како што истакнува, повеќе сака здолништа од фустани бидејќи тие му овозможуваат да го направи својот стајлинг помажествен над половината, а родово неутрален подолу. За него облеката едноставно не познава пол. Според него, кај обичните машки панталони луѓето немаат премногу простор за креативност, додека кај здолништата има многу повеќе опции за разновидност во однос на боите и стиловите. Токму затоа се чувствува подобро во таква облека.
Кога првпат разговарал со децата за својата облека, се обидел да им објасни дека нема ништо сексуално во начинот на кој ја составува својата дневна гардероба и дека нивниот татко не е хомосексуалец.
Неговата ќерка сега е една од неговите најпосветени обожаватели и таа сонува еден ден да може да позајми пар чевли од нејзиниот татко.
Доживеал многу остри и негативни критики за неговите модни експерименти. Сепак, многу мажи и на работа и во јавноста признаваат дека Марк е нормален маж, кој може да води навистина машки разговор и да се однесува машки.
Кога луѓето почнуваат да го испрашуваат за неговата сексуалност, тој секогаш ги прашува дали би биле толку заинтересирани доколку носи панталони.
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм