Постојат добри луѓе – печалбар сакал да го изненади семејството на летување во Грција, од неговата приказна плаче целиот Балкан
Луѓето од целиот Балкан се воодушевени од она што го напиша овој човек на Фејсбук
Желимир е поранешен голман кој бранел во српски и европски клубови, а кој деновиве стана актуелен со една објава на Фејсбук.
Имено тој реши да ги израдува сопругата и двете деца со одмор во Грција, бидејќи семејно долго време не биле на море.
Но за да организира сé, му беше потребна, па добри луѓе од сите страни несебично му помогнаа да го направи изненадувањето.
А колку им значеше средбата на сопругата и децата, зборуваат фотографиите и неговата исповест што ја објави на Грчка-инфо.
Тој својата објава ја започнува со заблагодарувањето до сите што му помогнале, па вели дека заради ваквите луѓе и сите останати се подобри.
„Секој од нас секој ден да направи некое добро дело, да пружи љубов, внимание, разбирање и тој што тоа внимание и разбирање ќе го добие, тоа истото да го направи утредента, ние би имале рај на Земјата.
Би имале некој свој Олимп кој никој не би можел да го осои. А можеби навистина и тие се снимале од Олимп за да ни го покажат тоа“, вели тој.
Тој потоа објаснува дека веќе подолго време живее во Германија, одвоен од своето семејство, сопругата Душица Башиќ, синот и ќерката.
Од тие причини тие досега немале можност заедно да одат на летување откако им се родила ќерката.
Оваа година неговата сопруга со децата уплатила одмор во Платамона, а тој од Германија решил да ги изненади.
Во намерата му помогнале неговите пријатели
„Тие четири дена ќе бидат засекогаш запишани во нашите животи. Милена веднаш резервираше повратен билет, имав лет на 19-ти јуни, а моите во Платамона требаше да дојдат на 20-ти наутро.
Е сега, прашање е што и како кога авионот ќе слета навечер во 20.15, како најлесно да стигнам до Платамона, автобус, воз, такси, како да пронајдам сместување во близина на нивното, да не лутам и брзо да се сместам“.
Тој потоа се зачленил во споменатата група на Фејсбук и нашол сместување што му се сторило погодно. Им пишал, а еден човек што ми одговорил дека ќе му помогне му кажал дека и претходната година правел изненадување за друг што сакал да го изненади семејството на истиот нашинец. Тогаш во прашање бил некој што возел камион низ Европа, така што човекот му ветил дека ќе му помогне. Тој дури отишол до Платамона да види каде ќе биде сместено неговото семејство, па во истиот хотел го нашол и момчето Филип Кубичело, кој работи за агенцијата преку која неговите го резервирале хотелот.
Тој потоа со Атанасиос се договара да го пречека на аеродромот и да го однесе за Платамона, каде му нашол сместување 100 метри од неговите.
Планот бил готов 100 %, така што пријателите му резервирале билет за аеродром и тој тргнува на пат.
Во Солун конечно се запознава со Атанасиос кој зборува одлично српски, бидејќи во младоста студирал во Ниш.
Тие се спријателуваат, му го покажува Олимп, Желимир е воодушевен од сето она што му се случува додека патуваат кон одредиштето.
Гркот го вози во Платамона, пристигнуваат навечер. Како што вели самиот, море не видел цели седум години. Последен пат со неговата Душица и нивниот син Реља кога биле на одмор во Херцег Нови. Потоа ја добиваат и ќерката Џина, на која ова ќе и биде прво летување.
Оди во продавницата да го пронајде сместувањето, а луѓето кога слушнале дека тој е Желимир, веднаш му се претставиле.
Слушнале од Димитрос, газдата на неговиот апартман за неговото изненадување и веднаш го однеле во неговата соба.
Потоа сите заедно одат во кафулето да седнат и да се напијат студено пиво. Низ муабет дознава дека и Атанасиос има свои апартмани во Каликратија и се договара следната година да одат сите заедно кај него на летување. По еден час се поздравуваат како да се пријатели цел живот, а Желимир останува уште малку да ужива во морето и околината, па се враќа во собата.
„Ми се пие кафе, а нема ништо да работи или добро не гледам, но наеднаш станав жеден. Таму-ваму, таму-ваму и ништо не работи, но тогаш случајно здогледувам една жена како вози велосипед и ја следам каде оди, бидејќи сфаќам дека или оди по леб или да отвори некој локал.
И погодив како Кецман во Загреб. Ѕвездаш сум, но ми беше драго и тогаш и сега. Го отвора кафулето, зимам нес-кафе и сок, таа упорно му става шише со вода, но јас не сакам.
Но на крај го зимам и шишето, се околу 6 евра, седнувам на клупа и размислувам, што е пак сега ова, не сакав вода, дури по неколку дена сфатив дека шишето вода секогаш оди со кафето гратис.
Еб*ти Босанецо, но што да правам, не разбирам најдобро англиски. Со денови сум во контакт со жена ми, нема поим ни таа ни децата што им спремам, со денови и зборувам дека му е преку глава од работата, па сум нервозен, па тажен што не сум со нив, дека не можам постојано да се јавувам“.
Потоа се слуша со момчето што работи во хотелот каде треба да се сместат неговите, и го замолува да му каже на неговиот син да биде добар голман како и татко му, но пред се добар човек.
Филип по некое време му јавува дека пристигнале, па тој и се јавува на сопругата и ја прашува како патувале, а таа му кажува дека е познат и во Грција бидејќи момчето што ги пречекал во хотелот му кажал на нивниот син да биде добар голман како беговиот татко, но пред сé добар човек.
Ви благодарам добри луѓе
„Ме прашува дали го познавам, брзо ја менувам темата, ја прашувам какво е времето, но не знам што да правам сега. Сакав да ги изненадам на плажата, но што ако ме забележат, бидејќи сакав да се појавам од водата во нивна близина, но голем баксуз сум и не толку добар пливач.
Ништо, тргнувам сега и веднаш бидејќи срцето сака да ми пукне. Но само да ги гушнам, па ако треба и да умрам“, пишува Желимир.
Тој потоа додава дека ова нема никогаш да го заборави, посебно заради добрината на сите луѓе што му помогнале да го оствари планот.
„Тие четири дена засекогаш ќе останат во нашите срца. Ве сакам сите и засекогаш“, напиша тој на крајот од својата објава.