Реклама
Интервју

Овој БИТОЛЧАНEЦ ја оставил МЕДИЦИНАТА за да стане ЈУТЈУБЕР:Невестата од Ротино мит или вистина?!Погледнете во најновото видео!

Меѓу луѓето се пренесува за тоа како пијана невеста со шише во раката  се појавува во мракот на мостот. Виситина или мит , погледнете  во видеото дали Стеф ја виде невестата...

Реклама

Младиот јутјубер Стефан Ивановски (22) од Битола полека ја развива својата кариера и станува познат на пошироката јавност. Тој завршил средно медицинско училиште, отсек фармација, но не го продолжил образованието во таа насока, туку се впуштил на јутјуберсвото.

Ова симпатично момче е миленик меѓу тинејџерките, а полека со своите интерсни видеа станува привлечен и за останатата публика. Досега има 3.600 следбеници на неговиот јутјуб канал Стефан Стеф.

Гламур.мк секогаш им дава поддршка на новите имиња, па така и овојпат се одлучивме да ве запознаеме со Стефан Стеф.

Што или кој те инспирираше да станеш јутјубер?

За време на пандемијата могу гледав јутјубери како нашите, регионалните, така и светските јутјубери. Често се зезав дома  сес нимав и ги имитирав, а братучед ми во неколку наварати ми велеше, зошто не си креираш јутјуб канал и ти? Првично ми делуваше идејата несеризона и заедно се смеевме на тоа, но потоа си реков, па зошто да не се обидам. И ете ме !  Во моето прво видео раскажувам подетално за моите почетоци, ве поканувам да ме заследите и да го погледнете.

фото/инстаграм

Храбар е во своите подвизии сака да биде уникатен со идеите. Па така и на последното видео кое е помалку и хорор филм :) се обиде да ја расположи јавноста не само во Македонија, од коментарите забележуваме дека му пишуваат и следбеници од Србија.

Стеф предизвика бура од реакции откако објави видео во кое ја бара  НЕВЕСТАТА ОД РОТИНО. За многумина од тој крај позната приказна, легенда, мит , па меѓу луѓето се пренесува за тоа како пијана невеста со шише во раката  се појавува во мракот на мостот. Виситина лили мит , погледнете  во видеото дали Стеф ја виде невестата…

Маркетинг

Дали си задоволен од тоа како си прифатен како јутјубер во Макеоднија?

Па, можам да кажам дека да, но јас се уште сум на почетоците, не сум многу популарен, не ме знаат многу луѓето за да дефинирам одговор на ова прашање би требало да имам повеќе публика, следбеници (сабскрајбери) за да заклучам една генерална слика. Од она како досега реагираат моите следбеници сум задооволен, да! Инаку, свесен сум дека има хејтери и нормално едни да те сакаат, на други да не им се допаѓаш.

Што мислиш дали имаме ние добра јутјуб-сцена?

Морам да бидам искрен, но мене не ми се допаѓа на какво ниво е нашата јутјуб сцена. Прво, затоа што сме многу малку јутјубери, би се радувал доколку „конкуренцијата“ расте, тоа ќе направи поздрава сцена, повеќе моривација помеѓу нас. Второ, имам впечаток дека наместо да си помагаме, ние си правиме кочници, ние јутјуберите не се поддржуваме меѓусебно. Еве, ќе ги земам за пример Србија, таму можеби се караат, но многу си дааат подршка и се рекламираат едни со други, кај нас тоа го нема. Како и да е јас не се откажувам продолжувам понатаму и се надевам дека полека ќе се променат работите и нашата јутјуб цена ќе биде многу подобра.

Маркетинг
фото/инстаграм

Си завршил средно медицинско, но си направил застој. Дали планираш да го продолжиш образованието или тотално се откажа од тој план да бидеш фармацевт?

Да, јас завршив средно медицинско и ми се допаѓа професијата фармацевт, но засега немам план да го продолжам образованието во таа насока. Решен сум да се посветам на јутјубот максимално, се надевам дека тоа ќе ги исполни моите сонови.
Не е дека не сум се покајал што го ставив во мирување тоа поле од мојот живот и дека не размислувам за медицината, но засега сум фокусиран на други работи, но секогаш постои доза на резерва, не знаеш што ќе ти донесе животот.

фото/фејсбук

Дали си заљубен?

Ова прашање ќе го оставиме за некое понатамошно интервју, за тоа дали имам девојка и дали сум заљубен, не би сакал да зборувам сега. Дел од приватноста сакам да зачувам за себе.

Кој е според тебе најдоброто видео кое си го објавил на јутјуб?

Мислам дека видеото во кое им правам пренк на баба ми и дедо ми дека сум станал татко е според мене досега наијтересното видео. Си ги сакам сите и мислам дека се забавни за публиката, но ете ако морам да одвојам едно, тогаш тоа би било ова видео.

фото/инстаграм

Честитаме за твојата прва песна „Горе,долу“. Дали ова е најава дека сакаш да продолжиш во музичките води?

Ви благодарам. Не знам дали може да се рече најава за тоа дека би станал пејач, затоа што јас не сум пејач и не сакам во никој случај да ги мешам поимите јутјубер и пејач. Едноставно,млад сум, креаривен и мислам дека ми лежи оваа работа, па сакам да ги следам трендовите. На светски рамки е популарно јутјуберите да прават песни, па се охрабрив и јас. Можам да најавам само дека наскоро се крчка дует, но нема да откривам ништо повеќе одколку тоа, нека остане една наша мала тајна 😊

Убаво е прифатенамојата прва песна, тоа ме радува. Пристигнуваат убави коментари, има и негативни , но јас не се замарам за тоа , повторно ќе речам, сосема е нормално да не им се допаѓаш на сите. Спотот го снимавме на неколку локациии во Битола и многу се забабвувавме за време на снимањето.

Дали имаш некаково хоби, нешто што би сакал да го споделиш со јавноста а не го знаат за тебе?

Хм, хоби, па немам некое хоби класично, ете во слободно време играм многу кошарка и сакам да читам книги, така си ги исполнувам слободните мигови.

фото/фејсбук

Каде на одмор? Како ти е испланирано лето 2023?

Летото е пред нас , се уште немам конкретен план каде ќе го поминам за одмор, но имам јасен план и агенда околку тоа како ќе го развивам јутјубот. Си поставив неколку задачи кои сакам да ги исполнам во текот на следните месеци со цел да го кренам контентот, тоа ми е моментално фокусот за лето 2023.

фото/инстаграм
фото/фејсбук
фото/инстаграм
фото/инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button