ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од најпознатите пејачи на севдалинки – беше боем до крајот на животот
Го сакаше боемскиот живот, со песна и убаво друштво

Познатиот пејач на народна музика и севдалинки од Босна и Херцеговина, Сејо Питиќ, почина во 77 година од животот
Оваа информација беше објавена на Фејсбук страницата „Art kuća sevdaha“, а пренесе босанскиот портал Фактор.
Сејо беше еден од најдобрите и најпознатите босански изведувачи на севдалинки, а се има прославено со песната „Плава жена, топла зима“.
Откако многу пејачи ќе ја одбијат песната, Сејо ќе ја прифати и сними, па со неа ќе ја освои публиката на фестивалот Илиџа во 1980 година.
Песната на фестивалот ќе го освои деветтото место, но синглот ќе се продаде во милионски тираж и ќе го вивне Сејо меѓу најголемите ѕвезди.
Пејачот се женеше три пати и го сакаше боемскиот живот, секогаш истакнувајќи гордо дека е од сараевската Башчаршија.