Тарчуловски заминаа на НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ: Насмеани од уво до уво – на сите им е убаво!
Фамилија Тарчуловски замина на незаборавно патување, а насмевката на нивните лица кажува се.
Соња, Јохан и нивната ќерка Јоана во моментов се во Дизниленд во Париз, каде нивната најмала ќерка максимално ужива, а и тато и мама не можат да се пожалат.
На Инстаграм профилите на Јоана и Соња Тарчуловски може да се видат фотографии од нив додека се забавуваат и уживаат во огромниот парк.
Дизниленд паркот е идеално место за забава и за децата, но и за возрасните.
Мама Соња и тато Јохан одлучиле да ѝ пружат доживување на Јоана, кое останува врежано во меморијата цел живот.
Дури ниту тие двајца не се воздржале, па одлучиле да се повозат заедно со Јоана на рингишпилите.
Јоана облечена како Дизни принцеза максимално ужива во патувањето.
Гордите родители го направија ова за својата наследничка, па се потрудија овој ден за неа да биде навистина посебен.
На фотографиите може да се види дека семејството одлучило цел ден да го помине таму и да јаде храна во форма на Дизниевите јунаци.
Покрај сите турбуленции во минатото Тарчуловски денес уживаат во семејниот живот.
Соња, после долги години пауза, одлучи да ѝ се врати повторно на музичката сцена и тоа со песна чиј автор е нејзината постара ќерка Мелани.
ФОТО: Инстаграм / Јоана Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Јоана Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Јоана Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Јоана Тарчуловска