Тажната приказна на Мустафа што живее во шатор доби среќен крај – Марија му ја врати насмевката!
На познатата пејачка и симуваме капа за она што го направи
На Мустафа му се врати насмевката на лицето…
Марија Шерифовиќ неодамна го посети Мустафа кога откри дека му ја платила киријата и храна за месец дена.
Приказната за младиот уличен пејач од Зеница, Мустафа Хрустуќ (24) го потресе целиот регион.
Народот за него слушна откако познатата пејачка Марија Шерифовиќ објави дека сака да му помогне и да му најде дом.
Марија најпрво го посети и му ја плати киријата за една година однапред, како и храна, а преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави и дека успеала да му најде работа.
Таа не прецизираше за што точно станува збор, но на фотографијата се гледа како Мустафа потпишува договор за работа.
„Мустафа од денес има работа! Мисијата успешна“, напиша Марија на својот профил на Инстаграм.
Потсетуваме, ова младо талентирано момче од својата седма година живее без своите родители.
Неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа, а неговата мајка по некое време е убиена, така што останал сам да се бори за својот живот.
Мустафа живееше во мал, изнајмен стан, но мораше да го напушти затоа што немаше пари за кирија.
И покрај тоа што газдарицата му кажала да остане, тој не сакал без пари да престојува, па замина да живее во шатор под мост.
Но заради лошото време и обилните дождови тој не можеше да пее на улица, а тоа му беше единствениот начин за заработка.
Сепак, откако приказната се прошири, многумина се јавија да му помогнат, така што тој се врати во стариот стан.
Пејачката кога слушна за него, реши да го посети и му плати кирија за година дена, а потоа му помогна и да се вработи.
Марија на Мустафа му ја плати киријата до крајот на август следната година, и дала пари и за сметки исто така за цела година.
Откако веста дека му нашла и работа се појави во медиумите, Мустафа се огласи и за српскиот Телеграф откри каде ќе работи.
„Добив работа, еве ме на базенот во Зеница, го чекам мојот друг колега. Ќе работам сезонски тука на базенот, како помошен работник. Среќен сум“, изјави младото талентирано момче за споменатиот портал.