Киванч Татлитуг, познат и како турскиот Бред Пит ја воодушеви јавноста со улогите во сериите „Ѓумуш“ и „Забрането овошје“.
Приказната за љубовта измеѓу Гумиш и Мехмет ја следеа речиси 100 милиони гледачи, а главните актери од популарната турска серија, Сонгул Оден и Киванч Татлитуг, преку ноќ станаа познати во целиот свет.
Убавиот Киванч е во брак со модната стилистка Башак Дизер, а медиумите често ги нарекуваат најубавиот пар во светот.
Меѓутоа многумина беа шокирани од фактот дека, на свадбата не присуствувала неговата мајка, за која се наведува дека остро се противела на одлуката на нејзиниот син да се ожени за Башак.
„Снаата, не е по мерка на свекрвата“, се шушкаше во медиумите а потоа излезе натпис дека таа го негирала тоа веднаш по венчавката за потоа да излезе дека всушност таа поради здравствени проблеми не присуствувала на свадбата на синот.
Во едно од интервјуата, актерот откри дека веднаш знаел дека Башак е вистинската жена за него.
Турскиот актер ја запозна жената на неговиот живот на работа, на снимањето на филмот „Забрането овошје“.
„Таа е таа“, помислил тој, и кога требаше да ја формализира врска со неа, тој одлучи дека ќе биде тоа интимна церемонија.
И покрај тоа што е еден од омилените актери во Турција, важи за крајно скромен и приземјен човек.
„Секако дека се сакам себеси, но никогаш не стојам пред огледалото и да се гордеам на одразот во него. Не сум таков. Изгледот е дар од Бога и работа на гените. Сакам мојот талент да зборува за мене, а не убавината, изјави своевремено Киванч во интервју за турските медиуми.