Реклама
Вирално

Малата Нина продава крофни за да собере пари за лекување за болниот татко – приказна што го воодушеви Балканот

Емотивна приказна за љубовта на ќерката кон својот татко што го воодушеви целиот регион

Реклама

Зоран од Ваљево го изгуби својот вид откако се разболи, а неговата ќерка на сите им одржа лекција по хуманост.

Ова неверојатно девојче реши да ги земе работите во свои раце и да му помогне на својот татко да се излекува побрзо.

Нејзиниот татко, Зоран Нинковиќ од Ваљево заради аблација на мрежницата го изгубил видот пред седум години.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Во март 2022 кај него повторно се јавува аблација, па на Зоран ситуацијата дури и дополнително му се влошува и му е загрозен животот.

Маркетинг

Тој се лекува на клиника каде редовно добива системска терапија ,хемотерапија и имуносупресивни капки.

По година дена од појавата на фибринот заради кој на Зоран му се мати видот му се јавува и изразена фотофобија, а неговата состојба постојано се следи од докторите заради високите дози на хемотерапија.

Фото: Приватна архива, РИНА

Од овие причини на Зоран му е потребна помош за да може да замине на лекување во Москва. Паричните средства се потребни и за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лечење како во Србија, така и во странство, како и за патните трошоци и сместување.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Парите за него се собираат преку хуманитарна фондација, но сега и ќерката на Зоран реши да помогне колку што може.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Таа секој ден од 17 до 19 часот продава крофни пред една продавница во Нови Сад, за да помогне во собирањето на средства.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис
Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Како што пишува мајката на една Фејсбук група, девојчето продава домашни крофни кои можат да се достават и на домашна адреса.

Фото: Фејсбук

„Драги мајки, мојата ќеркичка одлучи преку лето да заработи. Се наоѓа пред продавницата Матиќ, скоро секој ден од 17 до 19 часот. Крофните ќе ги доставиме и на адреса. На кој нема да му се допаднат, ќе му ги вратиме парите. А кој сака да помогне, а не сака крофнички, може со СМС порака за таткото на девојчето“, напиша мајката на оваа млада девојка од Ваљево.

Крофните се продаваат по симболична цена од 100 динари (околу 50 денари) што покажува колку е скромна оваа млада дама ако земеме во предив дека СМС пораката е дупло поскапа.

Извор: Блиц.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button