Теа Таировиќ меша со боси стапала- Гори БАЛКАН, а жариште „Ташмајдан“ каде се одржа концертот на КРАЛИЦАТА на бакшишот
Таа е една од најбараните пејачки во последните неколку години. Со нејзиниот сексапил, хитовите кои ги извади во последните неколку години Теа Таировиќ полни сали без проблем.
Викендов се одржа концерт во паркот „Ташмајдан“ во Белград. Од сите видеа и фотографии кои кружат на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека било лудо и незаборавно.
Пејачката со црвен каубоијски шешир ја започна вечерта, шеширот и стоеше фантастично.
Многу светла, бројни танчери, сцената на која се појави Теа личи на една светска сцена.
Таа пак како и секогаш вистинска дива, во црвена мрежаста комбинација со реси , тесна за да и ги истакне облините и доволно куса за да ги покаже извајаните нозе. Пејачката не престана да игра од првата до посследната секунда.
Цела публика пееше во еден глас заедно со Теа.
Специјална гостинка на вечерта беше бугарската пејачка Галена со која пред неколку дена извадија заеднички дует , песната „Абракадабра“.
Двете девојки ја запалија сцената со задничкиот настап, а публиката збесна.
Галена се појави во преубаво изданија во сребен светкав комлоет со реси, сличен на тој што го носеше и Теа.
Некаде кон средината на ноќта Теа се пресоблече во златна светкава комбинација, вистински комплет за танчерка за стомачен танц. Она што најмногу го привлече вниманието кај јавноста е нејзиниот танц кога се соблече боса. Мажите полудеа по овие потези на Теа. Пејачката се виткаше како ластик и покажа потези кои досега не сме ги виделе.
Имаше уште едно изнендување за публиката , на сецната се појави и пејачката Сања
На крајот Таировиќ се појави во уште едно издание, син тесен целосен комбинизон, со гол грб.
Погледнете како беше на концертот на Теа Таировиќ.